Орландо Меџик убедливо ги совладаа Сакраменто Кингс со 132:116 во натпреварот од регуларниот дел на НБА лигата.
Најпродуктивниот играч на средбата беше дефанзивецот на Меџик Теренс Рос, кој постигна 25 поени. Центарот Никола Вучевиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл од 23 поени и 11 скокови.
За Орландо ова беше петта последователна победа по која се искачи на 7. место во поредокот на Источна конференција. Сакраменто се 12-ти на Запад.
На девет минути пред крајот на мечот, крилниот играч на Орландо Џонатан Ајзак доби тешка повреда и беше изнесен од теренот.
Подоцна клубот соопшти дека Ајзак има скинати лигаменти на коленото и сигурно нема да игра до крајот на сезоната.
Повредата на Ајзак предизвика ги подели НБА фановите и беше проследена со низа невкусни коментари на социјалните мрежи, каде некои кошаркарски фанови, главно Афроамериканци, ликуваа на неговата несреќа, имајќи предвид дека тој беше првиот НБА играч кој одби да клекне во знак на солидарност во борбата на движењето Black Lives Matter.
Спортските новинари, некои фан групи и кошаркари застанаа зад Ајзак и неговото право да го искаже своето мислење и ги осудија коментарите како „колено за колено“ и „така му требаше“, посакувајќи му брзо закрепнување.
На другите натпревари одиграни синоќа:
Бруклин – Вашингтон 118:110
Бостон – Портланд 128:124
Мемфис – Сан Антонио 106:108
Хјустон – Милвоки 120:116
Феникс – Далас 117:115.