Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Легендарниот италијански фудбалски судија и шеф на судискиот комитет на УЕФА, Пјерлуиџи Колина, ќе предложи револуционерна промена во изведувањето на пеналите.

Колина (65) важи за најлегендарниот фудбалски судија досега. УЕФА го назначи за прв човек на судиите во 2017 година, а со оглед на тоа што сѐ уште ја држи оваа функција, неговиот предлог може многу лесно да биде усвоен.

Италијанецот сака да го укине правилото дека играч може да постигне гол од пенал откако голманот ќе го одбрани неговиот удар од белата точка. Колина сака да му забрани на играчот што изведува пенал да постигне гол од одбиена топка, како и на кој било друг играч на неговиот тим.

Ваква ситуација се случува многу често и секако би се одразила на фудбалската игра. Според мислењето на Колина, ова би ги зголемило инаку намалените шанси на голманот да одбрани удар од белата точка.

„Верувам дека има голема разлика помеѓу шансите што ги имаат голманот и напаѓачот. Во просек, 75% од пеналите се реализираат, а често тоа е поголема шанса од онаа што се спречува со фаул. Покрај тоа, на напаѓачот му се дава дополнителна шанса да постигне гол по одбиената топка и одбрана на голманот. Според мене, голмани треба да се жалат на тоа“, рече прославениот поранешен судија.

Колина откри дека тој веќе го покренал ова прашање до ИФАБ (Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации), каде што побарал да се преиспита правилото. ИФАБ е одговорен за правилата на фудбалската игра и е единствениот што се зема предвид во професионалниот фудбал.

„Веќе го спомнав ова во дискусиите во ИФАБ. Едно од решенијата што ги предлагам е правилото 'еден удар', исто како и при изведувањето пенали по продолженијата. Нема одбиена топка. Или постигнувате гол или играте продолжува со гол-аут. Исто така, ќе се елиминира драмата што ја гледаме пред изведувањето на пенали со играчите кои втрчуваат од линијата“, додаде Колина.

Колина ја заврши кариерата во 2005 година, а во кариерата судеше финалиња на Лигата на шампионите, ЕУРО и Светско првенство, Олимписки игри и Купот на УЕФА. Тој е шесткратен добитник на наградата за најдобар судија во светот од Институтот за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), по ред од 1998 до 2003 година.

реклама

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Фудбал

Јуве го моли Милан да не го остава сам во Лига Европа

Read more

Чоло ќе го води Атлетико и следната сезона

Read more

Пуштени во продажба билетите за Куп финалето

Read more

Пред 4 години играа во четврта лига, сега ќе бидат бундеслигаши

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јуве го моли Милан да не го остава сам во Лига Европа

Читај повеќе

Чоло ќе го води Атлетико и следната сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Пуштени во продажба билетите за Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Пред 4 години играа во четврта лига, сега ќе бидат бундеслигаши

Читај повеќе
  • play_arrow

Panini ќе заработи милијарда евра од сликичките за Светско, познати личности бараат бесплатни албуми

Читај повеќе

Лино Червар: Кире Лазаров е најдобар играч на сите времиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Турам со два транспарента му се потсмевашe на Милан за време на парадата за титулата

Читај повеќе

Романо: Готово е, Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид

Читај повеќе

Дончиќ без ниту еден глас за првото место во МВП трката

Читај повеќе