Колкав процент од досегот губат електричните автомобили во зима?

Досегот, заедно со цената, е главната тема на дискусија за електричните автомобили, особено кога се споредуваат со конвенционалните.

Без разлика дали сакате да признаете или не, сè укажува на фактот дека возилата напојувани од фосилни горива и оние на електрична енергија имаат една сличност - декларираната потрошувачка на гориво/енергија е невозможно да се постигне во пракса.

Затоа, тестовите за проверка на досегот јасно укажуваат на употребливоста, особено на електричните автомобили. И покажаа дека при ниски температури на околината досегот опаѓа и до 30 проценти.

Најновото истражување беше спроведено од What Car?, кој подложи десетина електрични автомобили на тест за досег. Автомобилите со целосно наполнети батерии беа оставени надвор во текот на ноќта на температури блиску до 0⁰C. Вториот ден автомобилите беа однесени на тест патеката.

Remote video URL

Иако, очекувано, прв „попушти“ Mini со најмалата батерија и најмалиот досег, кинескиот Ora Funky Cat First Edition имаше најголем пад на опсегот. Наместо 310 километри, тој помина 208 километри или 33 отсто помалку.

Повеќе од 30% намалување на досегот имаше и Renault Megane E-Tech (32,1%), додека најмал пад на досегот имаа Tesla Model Y LR (17,8%) и Nissan Ariya (16,4%).

Ако гледаме на ефикасноста, односно потрошувачката на енергија, работите се малку поинакви. Најголема потрошувачка, очекувано, има Volkswagen ID Buzz, кој поминува 4 км со 1 kWh енергија. Најефикасен е лесниот Mini, кој со исто толку енергија ќе помине 6,3 километри. И тоа е подобар резултат од декларираниот.

Три модели од тестот беа проверени од авторите на истражувањето и во текот на летото кога температурите беа од 24 до 29°C. Досегот на Tesla Model Y на ладно време падна за 11,8%, Cupra Born изгуби 20,6% досег, а BMW i4 21,6%.

За потсетување, InsideEVs Italia спроведе сличен практичен тест за проверка на досегот. Забележано е намалување на досегот во споредба со WLTP, од 16 до дури 31%, во зависност од моделот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе