Дали ви се случило да гледате акционен филм во кој главните ликови и негативците демолираат сѐ пред себе и да помислите: „Овие сѐ уништија. Се прашувам колкава штета направија досега?“
Дечките од Cinema Sins кои ви се познати по тоа дека ги дисецираат филмовите и ловат „гревови“, се прашале токму тоа и со малку истражување пресметаа колкава е материјалната штета во неколку добро познати акциони филмови, прилагодено со цените во времето кога бил сниман филмот.
Екипата на Cinema Sins беше многу детална, земени се предвид сите штети, до последно јајце.