Колкава е веројатноста да ви го украдат мобилниот, а колкава е да го изгубите?

Компанијата Prey изработува мултиплатформски решенија за следење на изгубени мобилни телефони преку апликации за лаптопи, таблети и мобилни уреди, а ја користат повеќе од осум милиони луѓе ширум светот.

Компанијата што успешно работи веќе десет години одлучи да го искористи искуството и податоците со кои располага за да состави еден интересен извештај.

Врз основа на овие податоци, компанијата анализираше 829 случаи на изгубени и украдени уреди, а резултатите би можело да бидат многу корисни.

Компанијата издвојува шест примери во својот извештај: изгубен уред, кражба од џепчија, кражба во домот, пљачка, разбојништво во автомобил и разбојништво во деловни канцеларии.

Извештајот ги нуди следниве резултати:

Во поголемиот број случаи, луѓето едноставно забораваат каде го оставиле уредот.

Се чини дека сами на себе сме си најголеми непријатели. Во 69,12% од случаите, самите корисници се виновни за губење на уредот, а за кражба се работи во 30,88% од случаите.

Мора да бидеме внимателни во јавност, без разлика дали сме на улица, во јавен превоз, канцеларија или во училиште. Фактот дека ги познавате тие места не треба да ви дава чувство на сигурност: кога сме најопуштени, најмалку внимаваме.

Извештајот исто така покажува на кои места се случуваат најмногу незгоди поврзани со мобилните уреди.

Во случај на „губење“ на телефонот, најчесто „место за злосторството“ е нашиот дом.

Во случај на кражба, најмногу треба да се внимава по улица и во јавен превоз, што е очекувано, но не треба да се опуштаме ни на работното место или во училиште.

Кога станува збор за пљачка, ситуацијата е малку поинаква. Повеќе од половина од случаите на кражба се преку провала во домот или пљачка на улица од џепчија.

Дури и во овие навистина сериозно ситуации, има и смешни моменти. Вработените во Prey ги истакнуваат следниве анегдоти:

Пијан корисник го ставил мобилниот телефон во фрижидер кога се вратил дома од луда забава и следниот ден го пријавил за изгубен.

Поранешен вработен ја лажирал сопствената смрт за да го земе службениот лаптоп.

Средношколец му го украл мобилниот на професор.

Најдобро е секој да си извлече свој заклучок од резултатите од оваа анализа, но едно е сигурно: внимавајте на своите мобилни уреди бидејќи гаранцијата не покрива губење.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе