Колкави се температурите на морето во Црна Гора, Грција, Хрватска, Турција и Египет?

Во екот на туристичката сезона, за туристите кои планираат да одат на одмор или веќе стапнале на омилената плажа, една од најважните информации е температурата на морската вода и воздухот.

И додека временските услови во Македонија деновиве постојано се менуваат, од тропски горештини до ветровито невреме, метеоролозите најавуваат крај на најтоплиот летен период, тоа дефинитивно не е случај на морските дестинации, а туристите можат да уживаат во сончевите денови и топлото море.

Грција: Сончево и топло  - и на плажа, и на море

На вториот прст на Халкидики, на Ситонија, во Неос Мармарис, температурата на морето е 28 Целзиусови степени, а дневната максимална температура на воздухот ќе биде иста. Во наредните денови времето ќе се задржи сончево, а температурата на воздухот ќе се движи до 31°C. Субјективното чувство ќе биде 32°C и повеќе.

На Крит е сончево и топло, до 31°C, субјективното чувство е 35 степени, а во сила е и жолт метео аларм кој предупредува на високи температури. Сончево и топло ќе биде и во наредните денови, а температурата на морето е од 25,6 до 28,4°C во зависност од местото на овој остров.

На Тасос е околу 27 степени, викендов ќе биде многу потопло. Максималните дневни температури ќе се искачат до 31°C. Морската вода е најтопла на Тасос кај Скала Рахони, 27,5°C, а најстудената температура на водата е 27,1°C, кај плажата Алики.

Температурата на морската вода во Паралија е 28,7 степени и е во благ пораст, бидејќи пред една недела беше 26,7 степени Целзиусови.

Во Закинтос, Лептокарија, Сарти, Неи Пори, Скијатос и други места водата е 28 степени Целзиусови.

Хрватска: Температурата на морето расте

Температурата на морето во Хрватска е највисока во август, кога достигнува повеќе од 27 степени Целзиусови. Меѓутоа, Јадранското Море веќе достигна повисока температура на одредени места на хрватското приморје, а моментално е најтопло кај Дубровник, Хвар, Лошињ и Корчула.

На овие места сончево и топло, максималната дневна температура од 29-30°C, а во наредните денови ќе се искачи за два степени.

Во Сплит е 31°C, субјективното чувство е 36 степени, а температурата на морето е 26,7°C. Пред една недела температурата на морето беше 25,7°C.

Моменталната температура во Риека е 29°C, во наредните денови ќе биде над 30 степени Целзиусови. Првите денови од август ќе донесат променливо облачно време и благ пад на температурата на воздухот. Температурата на морето сега е 25,8°C и благо ќе се зголеми.

Црна Гора: Морето се загрева

Јадранското море во Црна Гора е малку потопло отколку во Хрватска, во близина на одредени омилени дестинации.

Во Будва моменталната температура на морето е 27,4°C, додека вчера беше над 28°C. Денеска најтопла вода има кај Свети Стефан, Милочер, Дробниќ, Дробни песко, Црвена глава и плажата Галија. Температурата на воздухот ќе достигне до 30 степени Целзиусови и во наредните денови благо ќе се зголеми за неколку степени, додека субјективното чувство ќе биде над 35°C.

Во Тиват денеска е измерена морската температура од 27,8°C, а временските услови се исти како во Будва, топло и сончево.

Нешто пониска температура на воздухот е измерена во Херцег Нови, но од утре ќе биде иста како и на другите места на црногорското приморје, а температурата на морето моментално е 26,7°C.

Во наредните денови температурата на воздухот во Котор ќе се движи до 32 степени, додека измерената температура на морето е 27,5°C.

Турција: Вода топла како бања

Во Турција нема да има врнежи во наредните десетина дена, сончево и топло, со дневна температура на воздухот околу 35 и 36°C, но постои можност за многу високи температури и до 40 степени Целзиусови.

Во Аланија ќе биде топло, околу 35-36°C, најтопли денови за туристите се 4 и 5 август, кога максималната дневна температура ќе достигне 39-40 Целзиусови степени. Температурата на морето моментално е 27,6°C. Претходните денови надмина 28 Целзиусови степени.

Сончево и топло е и во Кемер. За викендот и следната недела ќе биде околу 36 степени, а субјективното чувство ќе биде 38 или повеќе степени. Температурата на морето е 28,6°C.

Температурата на морето кај Белек денеска изнесува 28,7°C според метеоролошките податоци, најтопло море на ова место во последните десет години било во 2012 година и изнесувало 30,7 степени. Температурата на морската вода во Белек се очекува во следните 10 дена да се искачи до 29,5°C.

Египет: Силно сонце и опасно зрачење

Силното сонце во Египет и температурите од околу 42 степени Целизусови па нагоре ја прават оваа земја засекогаш најжешката дестинација на листата на омилени меѓу нашите туристи.

Во Хургада денеска е околу 43 степени Целзиусови, УВ зрачењето е крајно нездраво, субјективното чувство е за степен повисоко, а температурата на морето е 30,5°C.

Температурите на воздухот се за два степени пониски во Шарм Ел Шеик, околу 39-40 степени, а максималната температура во наредните денови ќе биде 39 степени. Температурата на Црвеното Море на ова место е 30,4°C.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Живот

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Read more

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Викенд хороскоп за секој знак

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе