Колкави се трошоците за поправка на електричен автомобил?

И покрај тоа што владините стимулации понекогаш можат да ги намалат вкупните трошоци, електричните возила се многу поскапи од бензинците и дизелашите, барем кога ќе се земе предвид влијанието врз вашиот буџет, а не врз животната средина. И тоа се само почетните трошоци.

Дополнителните трошоци, кои доаѓаат со поправки на електричните автомобили со текот на годините, не треба да се потценуваат. Студија на осигурителната компанија Allianz покажа дека електричните автомобили во просек имаат повисоки трошоци за поправка од оние опремени со мотори со внатрешно согорување.

Иако електричните автомобили во просек не претрпуваат поголема штета во сообраќајни несреќи отколку автомобилите со бензински или дизел мотори, поправките се сепак поскапи, откри осигурителната компанија.

Трошоците за поправка на електрични автомобили во просек се поскапи за 30 проценти

Просечните трошоци за штета за целосно каско осигурување се 10 проценти повисоки за електричните автомобили, па дури и 50 проценти повисоки за плаг-ин хибридите, според Allianz. По судир, трошоците за поправка на електрични автомобили се во просек поскапи за 30 проценти.

Луѓето задолжени за истражување на несреќи и безбедност во технолошкиот центар Allianz ги анализираа податоците за штети од 2018 до 2020 година за целите на нивната студија. Важно прашање за пожарникарите, полицијата и помошниците во случај на несреќа е дали електричните автомобили се поопасни од возилата со мотори со внатрешно согорување.

Според проценките на Allianz и Германската асоцијација за автомобилска индустрија (VDA), ризикот од пожар кај електричните автомобили не е поголем отколку кај автомобилите опремени со мотори со внатрешно согорување. Меѓутоа, според VDA, за гаснење пожари на електрични возила потребно е повеќе време и повеќе средства за гаснење.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе