Колку би чинел еден Стоеден денес?

Zastava 101, или попозната како Стоеден и Стокец, беше и остана еден од најпрепознатливите автомобили во својата ера. Сите го сакаа и уживаа да го возат, некои ги имаат и сега, а многумина се прашуваат која би била неговата цена денес.

Zastava 101 е југословенски модел развиен врз основа на Fiat 128, а светлото на денот го виде во 1971 година. Со својот иновативен концепт со 5 врати, поточно комби-лимузина, брзо наиде на голем одѕив кај домашните возачи.

Една од предностите беше цената. Според достапните извори, објавени од форумот Zastava, цената на Стоеден објавена во 1972 година во списанието АВТО била 40.040 динари или околу 2.084 долари во тоа време. Преведено во денешните вредности, земајќи ја предвид инфлацијата, пресметано е дека цената на тој автомобил би била околу 15.500 долари или околу 15.000 евра, пишува N1.

Можеби уште подобар показател е куповната моќ на граѓаните преку просечните плати. Во доцните 80-ти, Стоеден беше еден од поевтините модели на пазарот, кој чинеше 38 просечни плати.

Достапен во две варијанти на мотори и во две основни верзии на каросеријата (со 3 и 5 врати), Стоеден постигна респектабилни бројки. Иновативниот компактен концепт пристигна на пазарот четири години пред Golf 1. Имаше бројни предности, но времето буквално го престигна. Кога престана да се произведува во речиси непроменета верзија, Golf веќе беше во шестата генерација, пренесува хрватски Index.

Автомобилот Zastava 101 се произведуваше цели 37 години, до 21 ноември 2008 година. Произведени се 1.045.458 единици, од кои 224.851 завршиле за извоз.

Тагови
реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Авто новости

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Read more

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Read more
 

Автомобили

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Читај повеќе

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Читај повеќе

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Читај повеќе
  • filter

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Читај повеќе

Малите автомобили се враќаат на улиците? Peugeot има наследник на 108

Читај повеќе
  • play_arrow

Дизајнерот што го смисли непопуларниот нов Jaguar доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi EV ја надмина целта за 2025 година: Производните ленти „летаат“

Читај повеќе

ЕУ попушти: Бензинските и дизел моторите нема да бидат забранети!

Читај повеќе

Кои се најпродаваните брендови на автомобили во Европа?

Читај повеќе