Љубов и секс

Колку често луѓето имаат секс?

19. март 2019 - 21:02 | А.С.

Австралијците велат дека имаат секс еднаш или два пати неделно, во просек. За Британците, бројката е помалку од еднаш неделно, а Американците во просек имаат секс два до три пати неделно.

Никогаш не би можеле со сигурност да знаеме колку често имаат секс луѓето. Некои луѓе даваат неточни информации, намерно или случајно, во позитивна и во негативна насока. Пресметките на национално ниво се направени врз основа на репрезентативен примерок, па сепак претставуваат корисен показател.

Исто така, што подразбираме под „секс“? Во некои истражувања, испитаниците добиваат едноставно прашање „Колку често имате секс?“, без да се нагласи дали тука спаѓа и орален секс, на пример, додека во други под таа категорија се вклучува „активност со друга личност што вклучува генитален контакт и сексуална возбуда“.

Секако, просекот не е одраз на разноликоста меѓу популацијата. Некои луѓе, без разлика дали се во врска или не, никогаш или речиси никогаш немаат секс. Други се сексаат секој ден.

И секој поединец може да варира во поглед на сексуалниот живот, во разни периоди во животот, во зависност од приликите за секс, здравствениот статус и други фактори.

Зошто е просекот околу еднаш или два пати неделно?

Колку често имаме секс има врска со нашите гени, биологија и животни околности.

Биолошки, ако двојките имаат сексуален однос најмалку два пати неделно, сексот најверојатно се случува најмалку еднап во шесте денови во месецот кога жената е најплодна.

Двојката на тој начин би имала поголеми шанси за размножување во споредба со двојки кои имаат секс многу поретко.

Репродуктивниот испех може да доведе до генетска селекција на однесување. Со други зборови, луѓето кои редовно имаат секс најверојатно имаат поголеми шанси да имаат деца, а со тоа и да ги задржат нивните гени во генетскиот базен.

Но, нивото на генетски поттик за имање секс исто така може да варира од една личност до друга.

Нашите животни околности исто така играат улога во тоа колку често имаме секс, особено со оглед на тоа дека други нешта се натпреваруваат за нашето време: платена работа, грижа за децата, домашни обврски и сѐ почесто – нашите смартфони и достапноста на опции за забава 24/7.

Всушност, Американците и Австралијците сега имаат секс многу поретко отколку пред неколку децении.

Австралијците имале секс околу 20 пати помалку во 2013 година во споредба со една деценија претходно. Американците имале секс девет пати помалку во 2014 отколку една деценија пред тоа.

Кој има најмногу, а кој најмалку секс?

Можеби нема да ве изненади податокот дека луѓето кои имаат постојан партнер имаат секс почесто од оние кои се сингл. Исто така, луѓето во „тазе“ врска имаат секс повеќе отколку луѓето во долга врска.

Двојките имаат помалку секс во последното тримесечје од бременоста и во првите години по раѓањето на детето. Немањето прилика и лошото здравје исто така се поврзани со ниската стапка на сексуална активност.

Еден од најсилните показатели на намалената сексуална активност е стареењето – луѓето имаат помалку секс како што стареат.

Не се знае со сигурност зошто е тоа така, но можно е да се должи, делумно, на фактот дека многу постари луѓе веќе поминале прилично долго време во врска со таа личност. Задоволството од врската се намалува со време, што може да води кон намалена сексуална заинтересираност за партнерот.

Исто така, здравствените проблеми што следат со стареењето, како и намаленото ниво на енергија придонесуваат за намалена сексуална активност.

Ако имате повеќе секс не значи дека ќе бидете посреќни

Повеќето луѓе уживаат во сексот и сметаат дека им го збогатува уживањето во животот.

Колку почесто имаат секс, толку е поголема веројатноста дека луѓето во врската ќе бидат задоволни од неа, но само до одредена мера. Таа мера е секс еднаш неделно. Ако имаат секс барем еднаш неделно, се задоволни, но повеќе од тоа не гарантира и поголема среќа и задоволност.

Половина од Австралијците во брак се задоволни од тоа колку секс имаат. Психолошки, двојките се посреќни ако имаат секс онолку често колку што сакаат и двајцата.

Меѓутоа, нивната перцепција за тоа колку секс имаат другите луѓе исто така игра улога. Двојките се посреќни ако сметаат дека имаат повеќе секс од другите двојки.

Во едно истражување, научниците по случаен избор им доделиле задача на учесниците двојно да го зголемат бројот на сексуални средби во период од 90 дена.

Овие двојки значително го зголемиле бројот на сексуални средби, но не ја стигнале бројката од двојно повеќе. На крајот на трите месеци, овие двојки биле значително помалку расположени и помалку сакале секс од контролните двојки кои имале секс со нивната вообичаена фреквентност.

Коментирај