Колку често треба да ги переме џемперите и како правилно да ги одржуваме?

Б.С.Б.
/ 06.01.2022 / 11:35

Постојат начини со чија помош може да ги одржуваме џемперите во топ форма во текот на зимата, па и подолго.

Според Тоња Харис, експертка за токсини од животната средина и основач на Slightly Greener, во просек џемперите би требало да ги переме меѓу второто и петтото носење, но истото зависи од фактори како што се начинот на кој џемперот се носи и од што е направен.

Ако, на пример, сте носеле нешто под џемперот, тоа ќе го продолжи векот на траење намалувајќи го бројот на перења.

Што се однесува до материјалот, парчињата облека направени од памук, кашмир и свила треба да ги перете по две до три носења, додека поиздржливите материјали како волна или отпорни синтетички мешавини може да се носат до пет пати.

Значи, дефинитивно не треба да го перете џемперот секој пат кога го носите, а ако сакате да го распоредите времето меѓу перења, најдобро е да носите поткошула.

Како да ги одржите џемперите низ секое перење?

Како прво, секогаш проверувајте ги упатите за нега и одржување на етикетата, без разлика на материјалот.

„Ако можат да се перат во машина, перете ги на програма за чувствително или рачно перење, во студена вода“, советува Тоња, додавајќи дека топлината може брзо да ги собере џемперите.

За дополнителна заштита, џемперите може да ги перете рачно во када, со нежен детергент. По перењето не го цедете џемперот, оставете да се исуши на воздух, не во машина за сушење алишта.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Стил

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more

Hats and the City – нов едиторијал на шапки од Мирјана Јосифоска

Read more

Најлоша мода на Оскарите 2024: Кај ви беше паметот?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе