НАУЧНО ДОКАЖАНО

Колку често треба да се гледате со дечкото/девојката на почеток на врската?

Само што почнавте нова врска и ви се чини дека конечно најдовте некој кој потполно ви одговара и сакате целото слободно време да го поминувате со таа личност? Науката вели дека два состанока неделно се повеќе од доволно.

Многу двојки уживаат во тоа да се гледаат речиси секој ден, но науката вели дека доволно ви се две средби неделно, а еве и зошто:

Спречувате вештачко „врзување“

Психијатарот Скот Керол смета дека е многу важно на почетокот на врската да се држите до правилото на гледање два пати неделно. Тoj тврди дека ако се гледате почесто од тоа може да се јави анксиозност која би можело да упропасти потенцијално добра врска.

Исто така може да ви се случи да ве заслепат емоциите и да не забележите дека самите се туркате во емотивно нездрав однос. Затоа е добро да си дадете време меѓу средбите за да можете да размислите подобро за тоа што се случило претходниот пат кога сте се виделе со дечкото/девојката.

Имате повеќе време за себе

Според истражувањето на доктор Тери Орбах, стапката на разводи е повисока кај двојките кои имаат проблем со приватноста во споредба со двојките кои не се среќни или имаат проблем со интимноста.

Со други зборови, ако сакате здрава и долга врска, важно е да го оставите другиот да „дише“ и со тоа да имате повеќе простор и време за себе. За таа цел ви е потребно да поминувате неколку дена без да се гледате, но и без претерано да комуницирате (чет или видеоповици).

Повеќе време да се запознаете

Не мора да бидете заедно 24/7 за да се запознаете подобро и да се поврзете. Ако добро се сложувате и си одговарате еден на друг, најдобро е да се опуштите и да уживате во она време што го поминувате заедно наместо да инсистирате на често гледање и да станете здодевни.

Исто така, психолозите велат дека е добро да го „развлекувате“ времето меѓу две рандевуа за да видите како ќе реагира другиот. Секако, тоа не треба да премине во некаков вид тестирање или манипулирање.

Ќе изградите и пријателство

Психолошко истражување од 2014 година покажа дека луѓето о двојка кои еден со друг се опишуваат како блиски пријатели имаат подобра врска од оние кои тврдат дека се „сродни души“.

Можеби тоа не звучи најромантично, но многу е важно да изградите и пријателски однос врз кој ќе се заснова една искрена и здрава врска во која нема да се идеализирате еден со друг.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе