Фит

Колку често треба да вежбате за да забележите резултати?

10. јануари 2018 - 18:10 | К.З.

Јануари е познат по тоа што сите се прејадуваат во текот на празничниот период, па потоа зборуваат како ќе почнат да практикуваат вежбање и поздрава исхрана. Но, колку вежбање ви е потребно за да почнете да забележувате резултати?

 

За да се покаже резултат од вежбањето, треба тоа да ви стане навика, а не нешто што го правите само кога имате слободно време или волја.

Познатиот физиолог Крис Џордан се сложува со неодамна спроведеното истражување во кое се тврди дека редовното вежбање побрзо покажува резултати од спорадичното вежбање.

Џордан е познат по тоа неговата рутина за вежбање „Seven Minute Workout“, која е дизајнирана на тој начин што го има истиот интензитет како возење на велосипед или долго кардио, но се постигнува за многу помалку време и одзема помал период од денот. Според Џордан, клучот на успешното вежбање е тоа да се прави редовно.

Што се однесува до истражувањето кое го спомнавме погоре, тоа се одржи на Универзитетот од Тексас, каде три групи од 53 возрасни групи вежбаа со различен интензитет и во различни денови од неделата.

Резултатите покажаа дека највидливо и најголемо подобрување покажаа луѓето од групата која вежбаше четирипати неделно. Тие вежбаа на справи во теретана, за разлика од другите две групи, кои вежбаа јога, односно трчаа во природа.

Коментирај