Колку чини Audi Q8?

Новиот SUV најпрво ќе започне да се продава во Германија, по почетна цена од 76.300 евра.

Audi Q8 имаше премиера кон почетокот на јуни, а веќе во август ќе стигне до првите купци.

Објавена е и цената за домаќините, односно на германскиот пазар, каде основната цена на овој модел ќе биде поскапа за 15.100 евра од базичниот Audi Q7 и ќе чини 76.300 евра.

Во Германија, Audi нуди доста содржини кои клиентите треба да ги доплатат, вклучувајќи и три опциони пакети со опрема - S Line, Audi Design и Technology Selection пакет.

Во дополнителната опрема влегуваат камера за ноќен вид, Led matrix фарови, 22 инчни алу фелни, спортски седишта, управување на сите четири тркала и бројни електронски безбедносни системи.

За почеток, клиентите во Германија на располагање ќе го имаат само Audi Q8 50 TDI Quattro Tiptronic, кој се движи со помош на шестцилиндарски 3.0 турбо дизел мотор, кој располага со 286 коњски сили.

Автомобилот со маса од 2.145 килограми, од 0 до 100 километри на час може да забрза за 6,3 секунди и да развие максимални 245 километри на час

До крајот на 2018 година треба да пристигне и Audi SQ8, кој ќе биде понуден, како во бензин, така и во дизел опција.

Една година подоцна, во 2019 година, се очекува излегување на екстремниот модел, RS Q8, со хибриден погонски систем, со околу 670 коњски сили, како оној од моделот Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе