Авто новости

Колку чини да се направи тјунирана „ѕверка“ Mercedes-AMG SL63 со 789 коњски сили?

12. февруари 2019 - 11:45 | А.С.

Германската тјунинг компанија G-Power има нов проект во кој главната улога ја има Mercedes-AMG SL63.

Резултатот на тјунинг потфатот е следен: 5,5-литарскиот твин турбо V8 мотор сега испорачува 789 коњски сили и вртежен момент од 1.000 Nm. Колку за споредба, во стандардната конфигурација, овој мотор развива 577 кс и 900 Nm, така што е јасно дека станува збор за значително подобрување.

За да се добијат овие спецификации, G-Power ги подготви новите компоненти, вгради поголеми турнбополначи вредни 5.420 евра, downpipe цевки што чинат 4.084 евра и нов издувен систем од нерѓосувачки челик за кој се издвоени 1.807 евра.

G-Power подготви и нов софтвер што овозможува моторот максимално да ги користи новите компоненти, вреден 3.319 евра. Отстранувањето на фабричкиот ограничувач на брзина чини дополнителни 500 евра.

По сите подобрувања, овој Mercedes-AMG SL63 забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди (во споредба со 4 секунди на стандардниот модел). Без ограничувач, луксузниот роудстер без проблеми постигнува максимална брзина од 340 км/ч.

Тјунирањето не го опфати и изгледот на автомобилот, но додадени се 21-инчни фелни вредни 7.521 евро.

Коментирај