Телевизорот C Seed 262 со 4K резолуција е најголемиот и најскапиот телевизор во светот.
За него ќе треба да одвоите 539.000 долари, а инсталацијата на програми за управување со уредот чини дополнителни 38.500 долари.
Тоа значи дека за овој уред треба да се одвојат повеќе од купување на просечен стан во Њујорк. Телевизорот има десет интегрирани звучници за кино, висока резолуција од 4096 x 1716 пиксели. Широк е 6,14 метри, а висок 2,57 метри.