Колку чини новиот BMW Серија 8 Coupe?

BMW изминатиов викенд го претстави најлуксузното купе во својата понуда, а само неколку дена подоцна ја објави и цената на овој модел во Германија.

Моделот за кого овие денови многу се зборува во медиумите кои ја следат автомобилската индустрија, на почеток ќе биде достапен во две верзии - 840d со дизел мотор и M850i со бензинец, а двете варијанти се опремени со xDrive погон на сите четири тркала.

Кога на есен ќе се најде во продажба на германскиот пазар, BMW 840d ќе има почетна цена од точно 100.000 евра, додека M850i ќе чини една четвртина повеќе, односно 125.700 евра.

За потсетување, дизелот за погон користи шестцилиндарски 3.0 литарски твин-турбо агрегат, кој испорачува 320 коњски сили, што овозможува забрзување од 0 до 100 километри на час за 4,9 секунди.

Моќниот BMW M850i xDrive користи нов 4.4 литарски твин-турбо V8 агрегат кој располага со 530 коњски сили, а од 0 до 100 километри на час забрзува за само 3,7 секунди.

И двата мотори се во пар со автоматизиран менувач со осум брзини.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе