Колку чини одржувањето на Bugatti Chiron од 2,5 милиони долари?

Францускиот хиперавтомобил е еден од најскапите воопшто, а само одржувањето е приказна сама за себе.

Кога автомобилот чини 2,5 милиони долари, јасно е дека трошоците за одржување не се мали. Компанијата нуди наменска глобална сервис програма за Chiron и Veyron, но колку чини сето тоа?

Еден ентузијаст за Bugatti од Малезија, Мухамед Ал Кави Замани, го посети салонот на Bugatti во Сингапур за да добие детални информации за одржувањето на неговиот Bugatti Chiron Pur Sport.

Трошоците се претворени од сингапурски во американски долари и не вклучуваат даноци, трошоци за работна сила, превоз и патни трошоци.

Curious to know how much does it cost to own a Bugatti? Let's talk Service and Mantainence of a new 2021 Bugatti Chiron...

Posted by Muhammad Al Qawi Zamani on Tuesday, September 21, 2021

Сервисната програма на Bugatti вклучува тим од 10 високо обучени техничари на Bugatti кои патуваат низ светот и ги сервисираат Chiron и Veyron и се достапни 24 часа на ден.

Првиот сервис се изведува по 14 месеци или 16.000 поминати километри и започнува со замена на моторното масло, филтерот за масло, течноста за ладење и шеснаесет чепови за испуштање. Цената е 24.979 американски долари. Мислите дека е многу? Останете со нас...

Замената на предните карбон-керамички дискови за сопирачките и тампоните за сопирачки чини 58.952 долари. Тука е и замената на течностите за сопирачките, и други делови од системот за сопирање што ќе ја удвојат сумата.

На секои 14-16 месеци ќе треба да ги менувате ултралесните тркала кои чинат 49.958 долари во комплет.

Најверојатно треба да ги менувате гумите на секои 16 до 18 месеци. Имате опции овде, но работите дефинитивно остануваат скапи. На пример, комплет Michelin Pilot Sport Cup PAX или Michelin Pilot Sport Cup 2 KSL чини околу 8.000 американски долари.

Помеѓу 42 и 48 месеци сопствеништво, се менуваат четирите Garrett турбополначи. Тие се по цена од 25.978 американски долари.

Remote video URL

Заменувањето на шофершајбната чини 59.949 долари, додека само метличките на бришачите чинат 3.797 долари. Тука е и бојата Chiron Pur Sport, која чини 55.148 долари, поради што Bugatti предлага перење на автомобилот со специјална опрема без млазници.

Четири години сопственост на Bugatti Chiron Pur Sport, вклучувајќи три промени на маслото, промени на тркала и гуми, замена на системот за сопирачки, калибрација на моторот, еден турбополнач и резервоар за гориво, чини приближно 477.498 долари.

Ве молиме имајте предвид дека оваа цена не вклучува даноци, такси, превоз и патни трошоци на сервисниот тим на Bugatti.

реклама

Најдобри во зодијакот - и астролозите бираат да им се родат децата во овој знак

Read more

Дали треба да ја пиете водата што отстоила преку ноќ во чаша?

Read more

Како изгледаат снимки на белите дробови од вакциниран и невакциниран ковид пациент?

Read more

Ќерките на Анџелина Џоли ја засенија актерката на црвениот тепих

Read more

Авто новости

Крај за Mazda CX-3 во Европа

Read more

Произведен првиот BMW i4 во Минхен

Read more

Што треба да знаете пред да купите нови зимски гуми?

Read more

Дали би го нарачале: Golf „двојка“ со мотор на Tesla

Read more
 

Автомобили

Крај за Mazda CX-3 во Европа

Читај повеќе
  • filter

Произведен првиот BMW i4 во Минхен

Читај повеќе

Што треба да знаете пред да купите нови зимски гуми?

Читај повеќе
  • filter

Дали би го нарачале: Golf „двојка“ со мотор на Tesla

Читај повеќе

Рачен или автоматски менувач: Каков бираат мажите, а каков жените возачи?

Читај повеќе
  • filter

Кои се финалистите во изборот за Best Buy автомобил на годината?

Читај повеќе
  • filter

Рекордна продажба на Toyota во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа новиот Chevrolet Corvette Z06?

Читај повеќе

Tesla постигна рекордна продажба

Читај повеќе