Живот

Колку деца може еден човек да има во животот?

7. декември 2018 - 14:48 | Б.С.Б.

Замислете дека имате толку многу деца што може и фабрика да отворите со нив. Толкава од прилика била фамилијата на Мулај Исмаил, брутален владетел од 1672 до 1727 во Мароко. Се верува дека имал најмалку 1.171 деца. Тој не е единствениот владетел кој со сила присилувал жени на секс, и други владетели како Џингис Кан од 13 век имале стотина деца, поточно Џингис Кан имал меѓу 1.000 до 2.000 деца. Научниците проценуваат дека околу 16 милиони луѓе кои денес живеат во регионите освоени од Кан се негови потомци или роднини.

Жените можат да остварат потомство со раѓање еднаш годишно. Според една студија, жената може да има околу 15 бремености во текот на нејзиниот живот. И во зависност од тоа колку бебиња ќе роди во секоја бременост, веројатно би имала околу 15 до 30 деца. Гинисов рекордер е сопругата на Феодор Василјев од  Русија, која во 19 век родила 69 деца во над 27 бремености. Тоа е премногу за една жена, но споредено со Мулај Исмаил, кој имал 4 сопруги и 500 жени во харемот, е незначително.

Многу фактори влијаат на плодноста на мажите чија сперма со текот на годините станува помалку подвижна и старее, со што се намалуваат шансите да се стане татко на подоцнежни години. Всушност, студиите сугерираат дека мажите над 50 години имаат 38 проценти помала шанса да забременат жена во споредба со мажи под 30 години.

Исмаил станал татко на многу млада возраст, така на 57 години тој веќе имал 1.171 деца.

Коментирај