Фудбалерите на Аргентина ја освоија Копа Америка со победата од 1:0 над Колумбија, а финалниот меч во Мајами го одбележа и повредата на Лионел Меси, кој тешко го повреди зглобот.

Најзначајниот момент во регуларниот тек на играта се случи во 66. минута кога Лионел Меси при удар се повреди и мораше да го напушти мечот, а неговите солзи кога седна на клупата брзо го обиколија светот.
Lionel Messi in tears after being subbed out due to injury 💔 pic.twitter.com/gzZtbGmxLB
— Bő (@MutedBo) July 15, 2024
Колку е сериозна повредата најдобро покажа моментот кога ги соблече копачките и го покажа отечениот зглоб.
Messi’s ankle injury 🤯#CopaAmerica2024 pic.twitter.com/0bCYZ2TSIX
— Complex (@Complex) July 15, 2024
Messi's swollen ankle 😬 pic.twitter.com/dtZ1mQUogV
— FOX Soccer (@FOXSoccer) July 15, 2024
Лаутаро Мартинес го постигна решавачкиот гол во 112. минута, а ова беше рекордна 16-та титула на Аргентина на Копа Америка и сега има една повеќе од Уругвај.
„Албиселесте“ ја продолжија својата трофејна серија и, по Копа Америка 2021 и Светското првенство во 2022 година, стигнаа до третото последователно првенство на големите натпреварувања.
Аргентинецот вчера го освои 45-тиот трофеј во кариерата и стана најтрофејниот играч во историјата на фудбалот.
Со титулата Копа Америка, Меси го надмина поранешниот соиграч од Барселона, Бразилецот Дани Алвес, кој освои 44 титули.