Колку е заштитен вашиот телефон од вода? Еве на што треба да внимавате

Производителите на смартфони често се фалат со различните можности на нивните уреди. Една од оние што се издвојува е отпорноста на вода и прашина.

Повеќето флегшип смартфони што во моментов можат да се најдат на пазарот имаат IP-ознака, но по неа има различни броеви, кои се клучни.

Така, обично е можно да се види ознаката IP67 на постарите уреди, додека поновите уреди ја носат ознаката IP68. Сепак, дали знаете што значи тоа?

IP е меѓународна ознака која го дефинира нивото на заштита што одреден уред го има од течности, прашина и контакт со други цврсти предмети. Укажува колку лесно (или тешко) течноста и прашината можат да навлезат во внатрешноста на уредот.

Првиот број по буквата IP го означува нивото на заштита на уредот од прашина. Колку е поголем, толку повеќе можете да бидете сигурни дека прашината или песокот на плажа нема да влезат и да ги оштетат компонентите на уредот. Најчесто ќе ја видите ознаката 5 или 6.

Додека 5 означува заштита во нормални услови, 6 означува целосна заштита од продирање на прашина во внатрешноста.

Вториот број покажува колку е уредот водоотпорен или отпорен на течност. Повеќето уреди достапни денес се отпорни на капки и да речеме дожд или снегулки, што значи дека можете да ги користите додека одите на дожд.

Меѓутоа, ако сакате вашиот уред да преживее и полевање или да падне во бара, треба да барате што повисок број. Така, 5 означува заштита од млаз вода, (обем од 6,3 мм) од која било насока, и 6 од силен млаз (12,5 мм) од која било насока.

За оние кои сакаат нивниот телефон да ги преживее сите услови, па дури и да падне во када или тоалет, ознаката мора да биде 7 или поголема. Имено, тоа значи дека водата нема да продира внатре, ако уредот е потопено под вода до длабочина од 1 метар за одредено време.

Уредите со ознака 8 можат да издржат потопување дури и подлабоко од 1 метар, но мора да запомните дека ниту еден уред не е 100% водоотпорен.

За тоа треба да има ознака 9, односно треба да биде херметички запечатена. Бидејќи на паметните телефони има слотови за полнење, дупчиња за микрофонот и звучникот, ниту еден телефон во моментов нема таква ознака.

Исто така, дури и телефоните со иста IP ознака имаат посебно објаснување што значи тоа, во зависност од производителот.

На пример, Samsung Galaxy S21 Plus и iPhone 12 Pro ја имаат истата ознака, IP68.

Samsung наведува дека нивниот уред може да издржи половина час на длабочина од 1,5 метри, додека Apple истакнува дека можете да го потопите нивниот уред на длабочина од 6 метри за период од половина час.

реклама

Принцот Филип беше против разводот на Чарлс и Дијана: Никој со здрав разум не би ја оставил за Камила

Read more

Текстилниот сектор пред колапс

Read more

Американски водител: Бил Гејтс мисли дека е Бог

Read more

Кои се голите девојки уапсени во Дубаи и кој стои зад сето тоа?

Read more

Мобилни

Motorola објави тизери за новите Moto G60 и G20

Read more

Sony со тизери ги најави новите модели Xperia

Read more

Realme го претстави смартфонот X7 Pro Ultra

Read more

Крај на една ера: LG го прекина производството на смартфони

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Викенд занимација: Бесплатна игра од Epic Games

Читај повеќе

Хакери објавија информации за 1,3 милиони корисници на Clubhouse

Читај повеќе

Лични податоци на 500 милиони корисници на LinkedIn завршија на dark web

Читај повеќе

5.200 тони вселенска прашина паѓаат на Земјата секоја година

Читај повеќе
  • filter

Епохално откритие: Археолозите го најдоа „Златниот град“ во Египет

Читај повеќе

Откриен нов вид на застрашувачки диносаурус

Читај повеќе
  • play_arrow

Поздрав од Марс

Читај повеќе

Паднаа Facebook и Instagram, дали забележавте проблеми?

Читај повеќе

The Witcher 3 next-gen доаѓа во втората половина на 2021 година

Читај повеќе