Колку има смисла масовното тестирање?

Луксембург и Словачка веќе го сторија тоа, а сега истото го планира и Австрија: масовно тестирање за COVID-19. Дали тоа би било решение за земјите со многу повеќе жители, како што е Германија? Одговорот е: и да и не.

Еден сосема нормален Божик со најблиските - зарем не би било прекрасно?! За да се приближи до таа цел, австрискиот канцелар Себастијан Курц сака, ако е можно, да ги тестира сите жители за коронавирус.

Луксембург и Словачка веќе ги тестираа своите популации и тие земји се пример за Австрија. Колку повеќе тестирања, толку се поголеми шансите за откривање на заразени лица кои немаат никакви симптоми и нивно испраќање во карантин што е можно поскоро. Зарем тоа не е добра идеја за поголемите земји како Франција, Италија, Шпанија или Германија?

„Масовното тестирање во основа има смисла. Знаеме дека околу една третина од заразените не се разболуваат, но сепак го шират вирусот“, рече Матијас Орт, шеф на лабораторијата во Мариенхоспитал во Штутгарт и претседател на Германското здружение на лабораториски лекари (BDL).

Секој пациент кој беше примен и лекуван во неговата болница, се разбира, прво беше тестиран на коронавирус.

„Само што ги добивме резултатите од еден млад човек кој треба да биде опериран. Тој има најголемо количество вирус во телото што некогаш сме го измериле, а нема симптоми“, вели Орт. Таквите лица би биле пронајдени со масовно тестирање.

Покрај прашањето за тоа колку има смисла масовното тетсирање, тука е и прашањето за изводливоста. Бидејќи ниту Луксембург со своите 630.000 жители (т.е. големината на Црна Гора), ниту Словачка со 5,5 милиони жители, не можат да бидат пример за Германија или некои други земји со голем број жители, пренесува Deutsche Welle.

„Повеќе не може!“

„Една мала земја како Луксембург може да се снабди со брисеви и реагенси“, вели Орт. За да може масовното тестирање да даде веродостојна слика за инфекцијата, тоа треба да се направи истовремено низ целата земја. Но, за тоа ќе бидат потребни сите достапни капацитети.

„Земањето брис по лице трае во просек пет минути. Значи, можете слободно да пресметате колку време ќе трае за 80 милиони луѓе“, вели Орт.

И ние пресметавме. Со сега достапните капацитети, ќе бидат потребни 53 недели, значи повеќе од една година.

Во моментов, германските лаборатории обработуваат милион и пол тестови неделно.

„600.000 жители на Луксембург без никакви проблеми ќе ги тестиравме во Германија за една недела без никакви проблеми“, вели Орт.

Со цел целата германска популација да биде тестирана во рок од една недела, лабораторискиот капацитет треба да се зголеми педесет пати. „Ние веќе работиме во две смени, а понекогаш и во три смени во седум дена“, вели Орт.

„Ние би можеле да го зголемиме нашиот капацитет за десет до 20 проценти, но не повеќе.“

Недостаток на материјал

Дополнителен проблем што го отежнува масовното тестирање е хроничниот недостаток на материјал за тестирање.

„Производството на потребните реагенси веќе работи, така да се каже, од утро до утро“, вели Орт. И покрај ова, сè уште има недостаток на материјал во германските лаборатории.

Сите овие ограничувачки фактори го прават масовното тестирање речиси невозможно. Покрај тоа, ограничените ресурси бараат добро осмислена стратегија за тестирање. Од гледна точка на лабораториски лекари, методот што во моментов се користи во Германија за примарно тестирање на луѓе со симптоми на COVID-19 не вроди со којзнае каков плод.

„Ако имам семејство во кое таткото е заразен со вирусот, а мајката исто така има симптоми, тогаш нема потреба да ја тестирам и мајката“, вели Орт. Бидејќи, позитивниот тест е скоро сигурен и тоа би било само губење на ресурси. Одлучувачки фактор за текот на инфекцијата е да се најдат асимптоматски пациенти со голема количина на вирус во телото.

„Наместо да се тестираат за симптоми, фокусот треба да се префрли на оние кои немаат видливи знаци на болеста“, рече Орт.

Исто така, би имало смисла да се користат простории за тестирање за да се тестираат првите контакт-лица инфицирани со COVID-19 кои не покажуваат симптоми на болеста.

Ако тестот е позитивен, тогаш мора да се продолжи со тестирање на наредните контакт-лица. Во зависност од тоа колку ги истегнувате тие прстени, на крајот би можело да се дојде до масовно тестирање. Но, дури и тогаш, тоа би било регионално, а не во цела Германија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе