Колку капки се потребни за некој да се зарази со коронавирусот?

Факт е дека коронавирусот SARS-CoV-2 предизвика силна и брза пандемија, но многумина се прашуваат колку капки се потребни за некој да се зарази и заболе од COVID-19.

Според микробиологот Вилем ван Шајк од Универзитетот Бирмингем, доволни се неколку стотици и илјади честички со овој вирус за да се предизвика инфекција.

Просечниот број на вирусни честички потребен кај повеќето заболени се смета за многу низок, а ако пациентот примил поголема доза, кај него често и симптомите се далеку потешки.

Од друга страна, вирусно оптоварување е количината на вирусни честички кои заразениот ги носи и ги шири по околината. Како што пластично тоа го опишува д-р Едвард Паркер од Лондонскиот факултет за хигиена и тропска медицина, „вирусното оптоварување покажува колкав оган гори во заболениот, а инфективната доза е онаа искра со која може заразата да ја пренесе на некој друг“.

Според тоа, лесно може да се заклучи дека е најмалку опасно, на пример, ако престојуваме многу кратко во присуство на личност која многу малку го шири вирусот (на пример, некој кој е пред излекување, односно со негативен тест и без симптоми).

Најмногу е опасно ако престојуваме долго во присуство на многу пациенти под тешко вирусно оптоварување, како болничка соба за интензивна нега.

Што значи ова за секојдневието на просечниот човек?

Едно кивање е доволно во воздухот да се исфрлат повеќе од 30.000 капки кои летаат со брзина од 300 км/ч. Тие може да содржат до 200 милиони вирусни честички кои се шират пред да паднат на подот.

При кашлање, 3.000 капки може да летнат во еден здив и тоа со брзина од 80 км/ч. Дишењето е најмалку ризично, во еден здив се ослободуваат меѓу 50 и 5.000 капки кои летаат со мала брзина и брзо паѓаат на подот. Со оглед на тоа дека овие капки не доаѓаат од белите дробови или носот, вирусното оптоварување е помало. Се смета дека при дишење заразениот не исфрла повеќе од 20 честички во минута, но ако зборува бројот расте на 200. Ако дише на нос, се намалува на 8 во минута.

Според тоа, ако некој ви кашла во лице или кивне во ваш правец, многу лесно може да вдишете 1.000 честички и да се инфицирате. Затоа, носете маска или брзо свртете се во друг правец. Дури и ако влезете во просторија во која некој кашлал и кивал пред една минута пак постои ризик.

Ако заразена личност нормално дише покрај вас, потребни се околу 50 минути да се заразите, ако ви зборува директно во лице, доволни се само 10 минути. Затоа, избегнувајте секаква интеракција лице в лице.

Што почесто проветрувајте ги просториите, особено ако во нив престојуваат повеќе луѓе. Ова важи за сите, особено за оние кои примаат пациенти, клиенти, ученици, странки, посетители и слично.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе