Колку ќе ја чини Германија загубата на рускиот гас?

Руски Газпром ја намали испораката на гас за Германија преку гасоводот Северен поток 1 за 60 отсто поради, како што тврдат, доцнењето на опремата што ја испратија до Siemens на ремонт.

Руската суспензија на извозот на гас ќе ја чини Германија 12,7 отсто од БДП во втората половина од годината, покажуваат податоците презентирани од индустриското здружение vbw.

Поради намалените испораки, Германија најави втора фаза на подготвеност за кризата со снабдување, порачувајќи им на компаниите и на граѓаните дека мора да ја намалат потрошувачката, бидејќи приоритет е создавање залихи за зимата.

За да се справи со можниот недостиг, владата, исто така, планира да воведе повеќе течен природен гас (LNG) за да ја направи помалку зависна од гасоводот.

Вкупно 1.003 терават-часови гас биле потрошени во Германија минатата година, а третина користела индустријата.

Половина од вкупно 41 милион домаќинства се греат на гас, а до почетокот на грејната сезона владата сака да ги наполни подземните складишта во кои можат да складираат количини доволни за два ипол месеци потрошувачка, до 80 проценти. Моментално се полни 60,3 отсто.

Баварската индустриска асоцијација vbw нарача истражување за да се утврди што би значело целосното суспендирање на руските испораки за најголемата европска економија.

Резултатите покажаа дека први на удар ќе бидат производителите на стакло, челик, хемикалии, керамика, храна и текстил, кои исто така најмногу ќе настрадаат.

Кога во пресметката се вклучени индиректните последици, на пример во синџирите на снабдување, проценетата загуба во создавањето вредност би можела да биде 193 милијарди евра во период од шест месеци, утврдија авторите на истражувањето.

„Ненадејниот прекин на увозот на руски гас значително би влијаел и на германската работна сила. Аритметички, последиците би влијаеле на околу 5,6 милиони работни места“, рече извршниот директор на vbw, Бертрам Бросард.

Тагови
реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе