Колку ќе заработи Интер од освојувањето на Скудетото?

После единаесетгодишен пост Интер повторно е на врвот во Калчото, а тоа носи и добра финансиска заработка. Но, колку навистина ќе ќари миланскиот клуб?

Самото освојување на титулата во Италија носи разни бенефиции. Прво, Интер од ТВ-правата за преноси на своите натпревари од Серија А инкасира 23,4 милиони евра.

Првото место на шампионот му носи и директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони на УЕФА, за што само од учеството „Нераѕурите“ од европската куќа на фудбалот ќе добијат 30 милиони евра. Додатно на тоа, уште 10 милиони евра за ТВ-правата од ова елитно натпреварување.

Како првак на Италија Интер се здоби со право да учествува во италијанскиот Суперкуп за 2021 година кој е планиран да се одржи во Саудиска Арабија, а противник ќе биде победникот од Копа Италија, финале кое се игра сега на 19-ти помеѓу Аталанта и Јувентус. Учеството во популарната Суперкопа носи 3,4 милиони евра.

Тука се и 15-те милиони евра кои во клупската каса ќе влезат од спонзорите како награда за освоеното Скудето.

Тоа се вкупно 81,8 милиони евра. Од оваа сума играчите треба да поделат 22 милиона како награда за освоената титула, па со тоа на клубот би му останале 59,8 милиони евра. Но, наводно фудбалерите одлучиле да се откажат од парите за тие да останат во клупската каса.

Во секој случај, Интер добро ќе заработи од освојувањето на Скудетото што би требало да го стабилизира клубот финансиски за во наредните сезони.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе