Авто новости

Колку ќе чини новата генерација на BMW Серија 3?

9. октомври 2018 - 19:16 | М.Д.

Најголемата ѕвезда на актуелниот саем на автомобили во Париз е новата генерација на BMW Серија 3.

Откако во јавноста се откриени дизајнот и техничките детали на новиот модел, пристигнаа и први информации за цената.

Седмата генерација на Серија 3, моделот кој ја носи ознаката G20, ќе се најде на продажба од 19 март 2019 година.

Во тој момент најслабата верзија кој ќе може да се купи ќе биде дизел 318d со 150 коњски сили, а чија почетна цена ќе изнесува 37.850 евра.

Германскиот гигант веројатно многу бргу после тоа ќе понуди и останати верзии, а се шпекулира дека најевтината, бензинец 3181a со 150 коњски сили ќе чини околу 34.000 евра.

Покрај тој модел, BMW ќе понуди уште неколку опции со повеќе коњски сили.

Во прво време единствен шестцилиндарски мотор кој ќе биде во понудата ќе биде 330d со 265 коњски сили.

Тоа е воедно и единствената верзија на новиот BMW Серија 3, која на почетокот од продажбата ќе биде достапна со погон на сите четири тркала.

Во план е и 330e хибрид, кој исто така ќе се појави до крајот на 2019 година.

Коментирај