Чек дис аут

Колку ќе чини паркинг во Виена?

9. октомври 2019 - 19:06 | А.С.

Ако планирате во новата година да патувате во Виена и тоа да го направите со ваше или изнајмено возило, треба да знаете дека од 1 јануари 2020 година, цената на картите за паркирање поскапува.

Во градските зони каде паркирањето е дозволено два, односно три часа, ќе платите по пет центи повеќе за секои 30 минути.

Старите карти за паркирање со годинешната тарифа ќе може да се заменат до јули, 2020. Оваа промена нема да се однесува на возачите кои веќе се претплатени на предвидената временска зона.

Првите 15 минути од паркирањето и понатаму ќе бидат бесплатни, наредните 30 минути ќе се наплаќаат 1,10 евра и така натаму. За два часа во оваа зона на паркирање ќе платите вкупно 4,40 евра.

Градот Виена лани од парите наплатени од паркинзи вложи 88 милиони евра за подобрување на јавниот сообраќај и 6,4 милиони евра за велосипедскиот сообраќај, додека 4,7 милиони евра беа вложени во зголемување на сообраќајната безбедност во австриската престолнина.

Коментирај