Живот

Колку микропластика внесуваме преку храната?

4. септември 2019 - 14:41 | М.С.

Најново истражување покажува колку и на кој начин внесуваме микропластика  во организмот и колку е таа штетна за нашето здравје.

Фрапантните резултати покажуваат дека дневно преку измет исфрламе околу 200 парчиња микропластика.

Во просек еден човек годишно внесува околу 73.000 парчиња микропластика преку храната и пијалоците, покажува новата студија.

Научниците велат дека флашираната вода е еден од најголемите извори на микропластика која може да го загрози здравјето.

Исто така, пластиката од морето која доаѓа од ѓубрето кое постојано се фрла, на крај стигнува до нашите чинии.

„Оваа студија го потврди она од кое најмногу се плашевме, дека пластиката стигнува до нашите црева“, вели авторот на студијата д-р. Филип Швабл од Медицинскиот факултет во Виена.

Микропластиката го опфаќа и разградениот пластичен отпад, синтетичките влакна како и честичките пластика кои се наоѓаат во производите за хигиена, облеката.

Уште не е познао колкаво влијание има на здравјето на човекот, но се смета дека покрај микропластиката, во организмот може да се насоберат токсични хемикалии кои стигнуваат до крвотокот.

„Иако најголемиот дел на концентрација на пластика се наоѓа во цревата, некои ситни честички можат да стигнат до крвотокот, лимфниот систем па дури и во црниот дроб“, вели д-р. Швабл.

Тој истакна дека луѓето на рaзлични начини внесуваат пластика: јадејќи морски плодови, пиејќи флаширана вода, консумирајќи морска сол, но и со вдишување пластика преку загадениот воздух. Така дошол до заклучок дека годишно внесуваме околу 73.000 парчиња микропластика, а дури 90.000 кај луѓе кои пијат флаширана вода.

Д-р. Швабл истакнува дека пластиката во организмот може да влијае негативно на имунолошкиот систем и да ги оштети органите за варење.

За повеќе информации читајте на сајтот на 4Ocean, кој се занимава со заштита на животната средина.

Коментирај