Живот

Колку милијарди вреди британското кралско семејство?

21. ноември 2017 - 20:02 | К.З.

Британското кралско семејство има вредност од повеќе од 60 милијарди фунти и годишно придонесува со околу 1,8 милијарди кон британската економија, вели новото истражување.

За да се пресмета вредноста на кралското семејство беше земена во предвид нивната економска моќ, недвижнините, но и работите кои е потешко да се измерат, како што е вредноста на нивниот бренд.

Според пресметките на Brand Finance, вредноста на британското кралско семејство е околу 67,5 милијарди фунти.

Нивниот имот, како што е Бакингемската палата, Кралската уметничка колекција и Кралскиот накит, има вкупна вредност од околу 25 милијарди фунти, но според Brand Finance, најголемиот дел од вредноста на семејството доаѓа од нивниот бренд.

Извештајот наведува дека околу 42 милијарди од нивната вредност доаѓаат од бенефициите кои ги носи брендот на кралското семејство. Тука е вклучено и влијанието на туризмот, кое вели дека Кралството заработува околу 550 милиони фунти баш поради кралското семејство. Други 190 милиони носат конекциите кои оваа семејна лоза ги има надвор од државата, а на околу 200 милиони фунти се проценуваат облеките на Војвотка од Кембриџ.

Според Brand Finance, кралското семејство предизвикува и дополнителен годишен приход на медиумската индустрија за околу 50 милиони фунти.

„Популарноста на кралското семејство предизвикува да порасне популарноста на реални шоуа како ‘The Crown’ или ‘Victoria’, кои овозможуваат барем за момент да се пушти поглед кон приватниот живот на семејството“, стои во извештајот.

Коментирај