Колку минути е потребно да вежбате на ден за подолго да живеете?

Б.С.Б.
/ 03.11.2022 / 17:39

Само две минути вежбање секој ден можат да бидат доволни за да го намалите ризикот од смрт на млада возраст, покажуваат истражувањата.

За да го продолжите животниот век не мора да правите нешто интензивно. Доволно е едноставно искачување по скали, прошетка до продавница или бавно трчање, пренесува Daily Mail.

Научници од Универзитетот во Сиднеј анализирале податоци од 70.000 Британци, следејќи го нивното ниво на вежбање во текот на еден ден како и нивната здравствена состојба во текот на следните 7 години.

Резултатите покажале дека луѓето кои неделно вежбале само 15 минути каква било телесна активност, поточно две минути и девет секунди дневно, имале 18% помала веројатност да починат во периодот на истражување од оние кои вежбале неколку минути неделно.

„Ова истражување ни потврди дека физичка активност од само неколку минути дневно може да биде доволна за да си го продолжиме животниот век за неколку години“, изјави авторот на студијата Метју Ахмади.

Со оглед на тоа што многумина како изговор велат дека немаат време за вежбање, ова револуционерно откритие може да им даде прилика дури и на оние најзафатените да ја задоволат дневната потреба за вежбање за која треба да одвојат само 2 минути од времето, советува тој.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе