Колку напредуваа електричните автомобили за 7 години?

Напредокот во областа на возилата со електричен погон најдобро може да се види ако се споредат карактеристиките на две генерации од еден модел.

Кога се појави во 2010 година, Nissan Leaf 1 најави бум на тогаш скромниот пазар на електрични автомобили.

Седум години подоцна, првата генерација на Leaf се продаде во повеќе од 280.000 примероци ширум светот и стана најбараниот електроавтомобил на светот, а новиот, Leaf 2 дебитираше во септември 2017 година.

Пазарот на електрични автомобили драстично се промени од таа 2010 година.

Во меѓувреме,Tesla направи вистинска мала револуција со луксузниот Модел S, а неодамна понуди и значително попристапна верзија и поконкурентен Модел 3, кој, ако се остварат плановите на Илон Маск околу темпото на производство, веќе следната година би можел да го тргне Leaf од позицијата најпродаван електричен автомобил на светот.

Меѓу ривалите на Leaf денеска се, меѓу другите, и BMW i3 и Opel Ampera-e/ Chevrolet Bolt, модел кој може да се пофали со голема автономија во возењето.

Колкав напредок е постигнат во периодот од 2010-2017, кога станува збор за просечен електричен автомобил, може да се види на компаративниот графикон кој го објави сајтот http://Nissanpartsplus.com, каде се прикажани спецификациите и перформансите на моделите Leaf 1 и Leaf 2.

Некои веројатно очекувале повеќе, но несомнено е дека новиот Leaf е значително понапреден во однос на својот претходник.

Можеби другите произведувачи кои исто така учествуваат во актуелната автомобилска електрична револуција постигнале подобри резултати, но тоа најдобро ќе се види кога ќе се појават наследниците на Моделот S на Tesla или моделот i3 на BMW, и кога ќе се направи нивна анализа.

На компаративниот графикон на моделите Leaf 1 и Leaf 2, може да се види дека новата генерација има посилен мотор, батерии со поголем капацитет и двојно поголема автономија во возењето, како и помал коефициент на отпор на воздух, додека од другата страна првата генерација била нешто полесна.

И перформансите се на страната на наследникот, кој подобро забрзува од 0 до 100 километри на час.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе