Колку новиот Android P го имитира iPhone?

За жал, вашиот нов Android телефон е веќе застарен. Google ја промовираше новата верзија на оперативниот систем, наречена Android P, која нуди неколку нови опции, но и визуелни подобрувања за вашиот телефон.

Токму така, го мислиме истото. Логото на новиот Android P е буквално логото на слушалките Beats, само свртено наопаку.

Android P им нуди опција на сите iPhone имитатори да го имаат популарниот notch на горниот дел од екранот, исто како на iPhone 8. Тоа е вградено во самиот оперативен систем, но ќе треба да ја вклучите опцијата ако сакате да се појави на екранот. Едноставно е, одите во „Developer Options“, вклучете ја оваа опција и одберете една од големиот број опции во подменито „Drawing“ кои ќе го модифицираат вашиот Android телефон да изгледа онака како што вие сакате. Најдете ја опцијата „Simulate a display with a cutout“ и активирајте ја.

Помеѓу останатите новости во Android P е новиот опција за штедење на батерија, која ги ограничува апликациите во вашиот телефон да не ја користат камерата, микрофонот и останатите сензори кога батеријата е скоро празна. Визуелните подобрувања на оперативниот систем се во заоблувањето на дел од менијата, кои би требало да донесат подобар изглед на самиот Android.

Засега Android P е достапен само за моделите на Google, Pixel и Pixel 2, но девелоперите предупредуваат дека оперативниот систем сѐ уште е во бета-верзија и не е доволно стабилен за да се користи на главниот телефон кој го користите секојдневно. Доколку навистина ве интересира и поседувате Pixel смартфон, можете да ја погледнете целата листа на апдејти тука, а инструкциите за инсталирање можете да ги најдете тука.

За сите останати уреди со Android OS, нема излезено официјална верзија на новиот Android P, но кога системот ќе биде комплетно готов, ќе пристигне нотификација дека можете да го симнете и инсталирате.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе