Колку овошје смееме да јадеме?

Стив Џобс, коосоновач на компанијата „Apple“, беше познат по својата исхрана која се базираше на овошје, верувајќи дека тоа го чисти неговото тело од штетни токсини. Од друга страна, актерот Ештон Кучер ја прифати диетата со овошје на Џобс, се додека не заврши во болница поради проблеми со панкреасот.

Па, дали е добро да јадеме многу овошје?

„Главната загриженост при претерано внесување на овошје е природниот шеќер. Додека овошјето содржи многу шеќери, истражувањата константно ја поврзуваат врската помеѓу консумација на цел плод со намален ризик од развој на дебелина и други метаболички болести“, вели доктор Роберт Лустиг, автор на книга за исхрана под назив „Fat Chance“.

Овошјето, исто така содржи и други состојки кои го ублажуваат ризикот од шеќери.

Како што објаснува овој експерт, тоа содржи растворливо и нерастворливо влакно. Заедно овие два типа на влакно формираат еден вид на „решетки“ во тенкото црево, кои спречуваат значителен дел од шеќерот да се апсорбира порано во текот на процесот на варење.

„Како при спречување на бранови од цунами, правејќи подводен ѕид, оваа бариера ограничува апсорпција на шеќери, така што не го оптоварува црниот дроб“, објаснува Лустиг.

Покрај тоа што помага во контрола на апсорпцијата на шеќерот од овошјето, комбинацијата на растворливи и нерастворливи влакна од цело овошје, исто така го поттикнува и варењето на храната.

„Вашето црево му сигнализира на мозокот дека сте сити, кога она што сте го изеле ќе го наполни третиот дел од вашето тенко црево – илеум. Тогаш влакната им помагаат на молекулите од храната побргу да го пополнат илеумот, поради што ќе се чувствувате посити, во однос на тоа кога би јаделе храна без влакна“, вели Лустиг.

Сепак, претераната консумација има и свои лоши страни. Претераното внесување на свежо овошје може да предизвика дијареја.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе