Колку озбилно треба да го сфаќаме сексот?

Филмските секс сцени, искрено, често се многу озбилни. Глетката на одлично осветлени, нашминкани и навежбани тела како се тркалаат пред нас може лесно да ни наметне нереални стандарди на многу нивоа (а тука воопшто не го ни споменувам порното).

Во последно време можам да забележам дека секс сцените по филмови и серии се трудат да ги направат малку „поприродни“ (не од естетски аспект, тоа ќе го оставиме за друг пат) од аспект на тоа како луѓето во тие сцени се однесуваат.

Секојдневниот секс вклучува многу работи кои филмовите би ги скокнале (за да бидат филмови). Од првиот разговор за согласност, до барање на кондомот низ фиока, потребата за лубрикант, секоја смешна полу-поза во движење, неиздепилираните нозе, па сѐ до малите незгоди од секој тип кои можат да се случат за време на чинот. А верувајте можат многу незгоди и мали ситници да се случат. Ми се случило некој да падне од кревет, по грешка да удрам партнер со лакт во нос (немаше потреба да одиме до болница), да се судирме со глави и уште еден куп такви ситници. Најважно во тие моменти е да запамтите дека не сте сами, на секој му се случува, па така и на вас и најдобро би било да си се насмеете на своја сметка (и да проверите да не случајно сте му го пукнале носот на партнерот).

Сакам да ви раскажам две такви случки, кои одат од бизарни до исклучително смешни (отпосле) и кои се случија на мене и мојата најдобра другарка во распон од една година.

Феномен на религија од атер ми се крстовите што можат да се најдат околу вратот на нашите партнери или партнерки. Една моја пријателка беше соочена со таков крст и постоењето на истиот ѝ направи доста интересни проблеми во кревет. Партнерот не ѝ бил религиозен, ама тој крст му бил подарок и си го носел редовно. За атерот на тие кои му го подариле, тој крст завршил во гаќичките на мојата пријателка додека нејзиниот партнер пробувал страсно да стигне под нив. Се откачил некако од ланчето и завршил токму таму каде што е најсвето. На мојата пријателка ѝ требало некое време да се свести и да пробуричка низ долната облека додека да го извади крстот од таму, неоштетен, неповреден, но можеби „малку потресен“. Проблеми со партнерот немала понатаму, но им требало пауза за да го вратат крстот на точното место за да можат да продолжат. Случкава памтам дека ми ја кажуваше додека пиевме некое кафе и мислам дека кафето ќе ми излезеше низ нос. Во самиот момент се чувствувала дека ќе потоне во земја. Зошто баш кај неа завршил тој крст и дали тоа требало да значи нешто? Додека дојде на кафе, веќе го беше апсолвирала првичниот шок и и самата се смееше на случката.

Слична средба со околувратен крст имав и јас малку пред тоа. Како и нејзиниот, така и мојот поранешен дечко не беше религиозен. Златниот крст кој го носеше му беше подарок од неговиот омилен (тогаш веќе покоен) дедо и врската им беше пред сѐ сентиментална. Откако ми го имаше објаснето тоа, не го чепкав веќе тоа прашање. Дојдовме и до оној момент во врската кога е потребно многу малку облека (или воопшто не е). Сѐ течеше одлично додека не дојдовме до моментот моето лице да биде вперено во неговите гради и како што се одвиваа движењата сфатив дека чувствувам слабо ритмичко тапкање по чело. И додека пробував да одгатнам која е таа кинеска машина за мачење која ми го одвлекува вниманието, отворив очи и бев погодена од златниот крст директно во чело. Во тој момент, не бев сигурна дали станува збор за секс или за егзорцизам, и мислам дека е прилично јасно дека мојот ентузијазам за чинот нагло спласна, па морав истиот да го прекинам. На многу фин и културен начин му објаснив кој е проблемот, и бидејќи стануваше збор за прилично обѕирен партнер веднаш ја исправи ситуацијата. Оттогаш, при секое соблекување, се вадеше и златниот крст, со мала шега околу тоа дали баш тој ден е потребно да ми се изврши егзорцизам. Не само што не нѐ дрмна таа случка, туку и си развивме мала интерна шала околу настанот. Може конкретниот поранешен мисли дека ми бил потребен егзорцизам, ама тоа сега искрено не ми е ни важно.

Во сексот најозбилната работа е согласноста. Ако двајцата (или повеќе) партнери се полнолетни и согласни, другото треба да е смешка. Некогаш сексот ќе биде како на филм и сѐ ќе биде на место, но некогаш и нема. Некогаш ќе има мали глупости, некогаш може да се случат и поозбилни работи, но најважно е кон сите тие работи да пристапиме со ведар дух. Бидејќи на крајот на денот, сексот треба да нѐ релаксира, а не да ни прави повеќе стрес.

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе