Колку поскапеа новите автомобили во последните две децении?

Во последните 18 години, цените на автомобилите се зголемија во просек за повеќе од 50 проценти.

Растот на цените на новите возила во последните години сѐ повеќе го привлекува вниманието на љубителите на автомобили, особено оние со малку подобра меморија.

Колку навистина се зголемија цените на автомобилите во последните 18 години? Аналитичарите на JATO Dynamics ги проучуваа каталошките цени на новите возила во периодот од 2002 до 2020 година во два популарни сегмента - мали и компактни автомобили.

Резултатот од нивното истражување е дека просечните продажни цени на малите (субкомпактни) автомобили, како што се Volkswagen Polo, Ford Fiesta, Renault Clio или Opel Corsa, пораснале за дури 59 проценти во последните 18 години.

Според податоците анализирани од ЈАТО, на почетокот на 2000-тите, субкомпактните автомобили чинеа просечно 13.000 евра, а во 2020 година речиси 21.000 евра.

Цените на компактните автомобили во истиот период исто така драстично скокнаа.

Volkswagen Golf, Ford Focus, Renault Megane, Opel Astra и слични модели во 2002 година чинеа, во просек, 18.400 евра. Во 2020 година, нивната цена е речиси 30.000 - зголемување од околу 63 проценти.

Моделите со алтернативни погонски системи (електрифицирани верзии - хибриди), исто така, придонесоа за овој раст. Ако ги погледнеме само цените на верзиите со мотори со внатрешно согорување, зголемувањето на компактниот Ц сегмент беше околу 56 проценти.

Секако, за растот на цените придонесоа и бројните модерни безбедносни технологии, мултимедијални системи и слични поскапи додатоци, а автомобилите сега се и значително поголеми од пред 18 години.

На пример, Polo од 2020 е поширок од Golf од 2002 година. Во тој период, Polo порасна дури 16,5 см во должина.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Авто новости

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе