Возењето на кратки растојанија во зима не е економично бидејќи тогаш автомобилот троши најмногу гориво, односно моторот не се загрева.

Има неколку причини за зголемената потрошувачка во зима:
• На моторот му треба малку време за да ја достигне оптималната температура кога работи најефикасно.
• Ладното време го намалува притисокот во гумите, што може да го зголеми отпорот на триење и потрошувачката на гориво (периодично проверувајте го притисокот во гумите).
• Ладниот надворешен воздух е погуст од топлиот, со што се зголемува отпорот при возење и потрошувачката на гориво.
• Во услови кога има снег и мраз на патот, погонските тркала се лизгаат повеќе, што исто така ја зголемува потрошувачката на гориво.
• Побавното возење до 60 км/час (поради зимски услови на патот) исто така негативно влијае на потрошувачката на гориво.
Во просек, на температура од минус 7 Целзиусови степени, автомобилот троши и до 12 отсто повеќе отколку на 25 степени.
Совет е, кога ќе ја стартувате колата, почнете да возите што е можно поскоро, бидејќи така моторот побрзо ќе се загрее.