ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Колку премиерлигашки играчи се вакцинирани?

Откако омикрон сојот влезе во Обединетото Кралство, направи хаос во Премиер лигата каде куп натпревари се одложија поради заразени фудбалери.

Премиер лигата досега има потврдено дека 92% од фудбалерите и клупските вработени имаат примено една, две или три дози од вакцината за заштита од COVID-19, а кога станува збор само за фудбалери процентот на вакцинирани барем со една доза изнесува 84.

Лигата нема наведено каква е процентуалноста по клубови, ниту пак кои фудбалери се вакцинирани. Почнувајќи од јануари 2022 година, Премиер лигата еднаш месечно ќе објавува статистика за вакцинација во своите 20 клубови.

Иако Премиер лигата не оддава информации за вакциналната покриеност во клубовите, некои од нив самите објавија податоци. На пример, Јирген КЛоп обелодени дека сите во Ливерпул имаат примено по две дози.

„Сите кои работат на 'Акса' тренинг-центарот се вакцинирани со две дози и наскоро ќе добијат и бустер доза“, изјави тој пред победата против Њукасл.

Португалскиот стратег Бруну Лаже, кој е на клупата на Вулверхемптон, исто така потврди дека сите во неговиот клуб се вакцинирани дури и со бустер доза.

„Кога дојдов тука му понудија да се вакцинирам и прифатив. Тоа беше важно за мене затоа што имам семејство во Португалија и кога имам слободни денови одам таму за да поминам време со мојата жена и деца. Затоа се вакцинирав“, вели Лаже.

И од Норич информираа дека добар број на нивните фудбалери примиле бустер доза, без да откриваат бројки или проценти.

Дури 6 натпревари од последното 18. коло од викендов беа одложени поради играчи позитивни на коронавирусот, а претходно и 3 од 17-тото и 1 од 16-тото коло. Најмногу одложени натпревари имаат Тотенхем и Барнли, по 3, додека 7 клубови досега не се соочија со одложен натпревар, меѓу кои Ливерпул и Вулверхемптон.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе