Колку се менуваа филмовите во последните 80 години?
Специјалните ефекти во филмовите прилично се променети од 1938 година, кога најпрестижната награда на Американската филмска академија, Оскар, по прв пат беше доделена во таа категорија за филмот „Shawn of the North“.
Филмскиот портал „Burger Fiction“ направи видео компилација од сите филмови досега кои добиле Оскар во категоријата специјални (визуелни) ефекти.
Меѓу сите добитници во текот на изминатите 80 години, се наоѓаат и филмови кои се номинирани за овогодинешните награди.
Во 12 минути, колку што трае видеото, имаме прилика да погледнеме како визуелно се менувале филмските остварувања, како и нивниот напредок во изминативе осум децении.