Колку се навистина опасни климатските промени?

Комбинацијата од сѐ посериозните последици од климатските промени и бавната реакција на луѓето, го ставаат човештвото на меланхоличен пат што води во хаотичен свет што може да предизвика глобален општествен колапс, се нагласува во новиот извештај на независната експертска група Тhe Breakthrough - National Centre for Climate Restoration со седиште во Мелбурн.

Извештајот беше претставен од Крис Бери, поранешен началник на австралиските одбранбени сили и пензиониран адмирал на австралиската морнарица.

„Авторите изнесоа сурова вистина за безнадежната ситуација во кој се наоѓа човештвото и нашата планета. Во извештајот се истакнува дека постои реална можност човековиот род да оди во насока на истребување“, вели Бери.

Еден од заклучоците е дека климатските промени се среднорочна закана за човековата цивилизација и дека светските влади мора да ги зајакнат своите напори во борбата против глобалнто затоплување. Штетните ефекти од глобалното затоплување ќе се одразат на намалена количина на храна и вода во некои делови и тоа ќе биде катализатор за социо-политички нестабилности и зголемен немир и судири во светот.

Авторите на извештајот пресметале дека ако се продолжи загадувањето со сегашното темпо, до 2050 година ќе има зголемена температура за три степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период.

Последиците би биле топење на ледените површини, широко распоространето губење на вечниот мраз, суша и измумирање на живот во делови од Амазонија.

Дестабилизацијата на воздушните струи значително ќе влијае на интензитетот и географската дистрибуција на азиски и африкански монсуни, а заедно со дополнителното успорување на Голфската струја во прашање се доведуваат и системите за одржување на живитот во Европа, се истакнува во извештајот. Северна Америка би била изложена на катастрофални климатски екстреми, вклучително пожари, топлотни бранови, суша… Би исчезнале летните монсуни во Кина, а нивото на големите азиски реки би било значително пониско поради губење на повеќе од една третина од хималајскиот мраз.

Губењето на глечерите на Андите би било и до 70 отсто, а врнежите во Мексико и Централна Америка би се намалиле за 50 отсто.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе