Колку се навистина поскапени автомобилите?

Последниот бран на поскапувања и инфлација го погоди особено пазарот на автомобили, па некогаш релативно достапните семејни автомобили станаа луксузен производ.

Разликите се уште поголеми кога се гледа во период од 30 години.

Според официјалните податоци на германскиот автомобилски клуб ADAC, автомобилите поскапеле и до 44 отсто во периодот од 2017 до 2022 година, што значително се одразило на продажните резултати и на автомобилскиот пазар во целина. Покрај пандемијата и прекините во испораките и недостигот на нови автомобили, причина секако е и инфлацијата, но една од главните причини се неоправданите поскапувања како и таргетираното исфрлање на подостапните модели од понудата.

Затоа е особено интересно истражувањето на германскиот магазин T-Online, кој ги спореди денешните цени на автомобилите со оние од 90-тите години на минатиот век.

Се разбира, германскиот бестселер - Volkswagen Golf - беше избран за споредба. Така, во 1991 година за третата генерација на Golf во основната верзија и со најслабиот мотор, во Германија требаше да се издвојат 10.200 евра, пресметано со конвертирање на цената од тогашните германски марки.

Како што одминуваше времето, цената стануваше сè поголема и повисока, па така во 2012 година основниот Golf чинеше 17.000 евра, додека во 2020 година цената достигна речиси 20.000 евра. Секако, голем скок на цените се случи во последните три години, па од почетокот на оваа година најприфатливиот Volkswagen Golf во Германија чини дури 29.560 евра!

Секако, треба да се биде искрен и да се признае дека од техничка страна, Golf 3 и Golf 8 се слични само по име, и дека количината на опрема за удобност и безбедност, како и пасивната безбедност на модерниот компактен автомобил е на многу повисоко ниво отколку кај автомобилите од пред 30 години.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Шефот на Вагнер му пиша на Шојгу: Ве предупредувам дека Украина подготвува жесток напад

Read more

Авто новости

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Read more

„Франкенштајн“ на тркала

Read more

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Read more

Ferrari го претстави Roma Spider: Платнен покрив на преклоп и 620 КС

Read more
 

Автомобили

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Читај повеќе
  • play_arrow

„Франкенштајн“ на тркала

Читај повеќе
  • filter

Lamborghini Urus го помина ирскиот третман во Carlex

Читај повеќе

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Читај повеќе
  • filter

Ferrari го претстави Roma Spider: Платнен покрив на преклоп и 620 КС

Читај повеќе
  • filter

Aston Martin DB6 сега вози „на струја“

Читај повеќе
  • filter

Дигиталното Porsche Nebula 928 стана реалност

Читај повеќе

Како телото ви кажува дека сте премногу уморни за да возите?

Читај повеќе

На повидок „граѓанска војна“ во Европа поради забраната за возила на дизел и бензин

Читај повеќе