Откриени платите на возачите во Формула 1 за 2022 година

Ф1
А.С.
/ 27.09.2022 / 11:26

Сезоната во Формула 1 во 2022 година е во полн ек, при што Макс Верстапен има големо водство на врвот на Светскиот шампионат, додека Луис Хамилтон и Мерцедес продолжуваат да се борат.

Ред Бул доминираше на неодамнешните трки, оставајќи го дуото на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц фрустрирани во нивната потрага по победи на трки во годината кога Скудерија повторно се појави како кандидат за титулата.

Оваа сезона дојде веднаш по првата светска титула на Верстапен по неговиот драматичен триумф во последниот круг над Хамилтон во 2021 година. После тоа, Ред Бул го награди Холанѓанецот со нов долгорочен договор со кој му се придружи на Хамилтон на врвот на листата со плати на возачите, па не е изненадување да се видат претендентите за титулата од минатата сезона на врвот на листата.

Иако тимовите не ги објавуваат платите на возачите јавно, бројките објавени во медиумите нашироко се користат за да се утврди колку се возачите платени од нивните тимови оваа сезона, иако ова не вклучува бонуси поврзани со перформансите или други комерцијални додатоци.

Листа на најплатени

Луис Хамилтон (Мерцедес) - 44 милиони евра, по сезона

Макс Верстапен (Ред Бул) – 44 милиони евра

Фернандо Алонсо (Алпин) – 16 милиони евра

Ландо Норис (Мекларен) – 13 милиони евра

Себастијан Фетел (Астон Мартин) - 12 милиони евра

Даниел Рикиардо (Мекларен) – 12 милиони евра

Шарл Леклер (Ферари) – 10 милиони евра

Карлос Саинц (Ферари) – 7 милиони евра

Валтери Ботас (Алфа Ромео) – 7 милиони евра

Ленс Строл (Астон Мартин) - 7 милиони евра

Серхио Перез (Ред Бул) – 6 милиони евра

Кевин Магнусен (Хаас) – 5 милиони евра

Џорџ Расел (Мерцедес) – 4 милиони евра

Естебан Окон (Алпин) – 4 милиони евра

Пјер Гасли (АлфаТаури) - 4 милиони евра

Алекс Албон (Вилијамс) – 2 милиони евра

Гуанју Џоу (Алфа Ромео) - 1 милион евра

Мик Шумахер (Хаас) - 1 милион евра.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе