Една неодамнешна студија покажа дека редовната умерена до енергична физичка активност во текот на неделата има слични ефекти врз кардиоваскуларното здравје како и умерената до енергична физичка активност во текот на еден до два дена - обично за време на викендот, пишува Medical News Today.
И „ викенд вежбачите“ и оние кои редовно вежбале во текот на неделата имале помал ризик од срцев удар, атријална фибрилација, срцева слабост и мозочен удар, покажаа резултатите од студијата објавена во JAMA Trusted Source.
Физичката активност е несомнено корисна за благосостојбата на кардиоваскуларниот систем, но со оглед на денешниот брз начин на живот, често е тешко поединците да се вклучат во редовни активности во текот на работната недела.
Истражувачите потсетија дека препораката за физичка активност е околу 150 минути умерена до енергична физичка активност неделно. Тие сакаа да откријат дали има разлика во здравствените придобивки на две групи вежбачи - луѓе кои кондензираат умерена до енергична физичка активност во два дена во неделата (т.н. вежбачи за викенд) и оние кои ја распределуваат својата физичка активност порамномерно во текот на неделата.
За да направат прецизна споредба, тие во студијата вклучиле и група вежбачи чија физичка активност изнесувала помалку од 150 минути неделно. Оваа група не го достигна препорачаниот неделен праг на вежбање и затоа се сметаше за неактивна.
Во истражувањето учествувале речиси 90.000 луѓе со просечна возраст од 63 години. Сите учесници носеа акцелерометри на зглобовите една недела за да го забележат нивото на физичка активност.
Врз основа на нивото на активност, истражувачите ги класифицираа учесниците како вежбачи за викенд, оние кои редовно вежбаат во текот на неделата и оние кои се неактивни.
Групата викенд-вежбачи ја сочинувале околу 42 отсто од испитаниците, 24 отсто биле во групата што редовно вежба, а 33,7 отсто биле оценети како неактивни. Кога ги анализирале податоците, научниците ги земале предвид факторите како возраста, степенот на образование и пушењето.
По шестгодишно следење на учесниците во студијата, се покажа дека ризикот од развој на срцев удар во споредба со физички неактивните луѓе е 35 отсто помал кај дневно активните луѓе и 27 отсто помал кај вежбачите за викенд.
Ризикот од развој на атријална фибрилација и срцева слабост во двете групи бил ист - 20 до 27 проценти помал. Слични резултати биле пронајдени кај луѓе кои вежбале во просек околу 230 минути неделно.
Авторот на студијата д-р Шаан Куршид од Центарот Демулас за срцеви аритмии во Општата болница во Масачусетс изјави за Medical News Today дека резултатите сугерираат дека и шемите на активност на вежбачите за викенд и поконзистентни обрасци на активности во текот на неделата се поврзани со слично намалување на ризикот од срцев удар, срцева слабост, атријална фибрилација и мозочен удар во споредба со неактивни лица.
Целокупната активност, а не времето, се чини дека е важна за подобрување на кардиоваскуларното здравје д-р. Џон Бахадорани, интервентен кардиолог во Институтот за кардиоваскуларно здравје при Медицинскиот центар Седлбек во Лагуна Хилс, Калифорнија, кој не бил вклучен во студијата, пред МНТ ги посочи клучните придобивки од вежбањето и физичката активност.
„Вежбањето е од суштинско значење за здравјето на кардиоваскуларниот систем бидејќи позитивно влијае на срцето и крвните садови. Редовната физичка активност го зајакнува срцевиот мускул, го намалува крвниот притисок, го намалува лошиот холестерол (LDL), а го зголемува добриот холестерол (HDL). Во исто време, помага да се одржи здрава тежина, ја подобрува циркулацијата на крвта и способноста на телото ефикасно да го користи кислородот“, рече тој.