Колку се зголемува вредноста на автомобилот со враќање на километражата?

Измамата во форма на „штелувана“ километража е еден од најголемите проблеми на пазарот на половни автомобили во нашата земја, но и низ целиот свет.

Исто така, законски гледано, многу е тешко да се препознае виновникот кој учествувал во враќањето на километражата. Токму поради застапеноста на овој тренд, нечесните продавачи ја зголемуваат вредноста на своите автомобили правејќи ја очигледната работа - фалсификувајќи ја оригиналната километража.

Најголемата платформа за проверка на историјата на автомобилот, carVertical, спроведе детално истражување за да открие кои автомобили најчесто имаат прилагодувана километража.

Анализирани се над 570.000 извештаи за автомобили за да се постигнат точни резултати. Исто така, истражувањето покажува колку пари изгубиле клиентите при купување автомобил на кој му била вратена километражата.

Дизелите најспорни

Според извештаите од 2020 година, најголем број фалсификати на километража биле препознаени кај автомобили што имаат дизел мотори.

Во скоро три четвртини (74,4 проценти) од сите извештаи, феноменот на прилагодување на километражата бил присутен кај дизел моторите.

Како што знаеме, дизелите се сигурен избор за возачи кои поминуваат долги растојанија секој ден. Ова е всушност главната причина зошто многу користени автомобили имаат лажни бројки кога станува збор за километражата.

Од друга страна, проблемот со прилагодената километража се јавува многу поретко со бензинците. Само 25 проценти од сите проверени автомобили со вратена километража се бензинци.

Но, ова ќе се промени во иднина, бидејќи односот на продаден дизел и бензин е скоро изедначен во изминатите неколку години.

Со само 0,6 проценти од случаите, електричните автомобили, како и хибридите, многу ретко се наоѓаат во статистиката на оваа измама.

Едноставен криминал, голема добивка (или загуба)

Изгледа дека перформансите на автомобилот се една од главните причини зошто оваа измама е популарна во круговите на нечесни трговци.

Мерачот за киломеража може многу лесно да се „наштелува“, за само неколку стотици евра. Дури и поновите модели кои имаат напреден софтвер и безбедносни системи, потпаѓаат под овој тренд.

Според истражувањето на carVertical, во зависност од староста, состојбата и степенот на користеност на автомобилот, вратената километража може да ја зголеми вредноста на автомобилот за дури 25 проценти.

Постарите автомобили имаат поголеми разлики во километражата

Според податоците од истражувањето, најчести автомобили со вратена километража се оние направени помеѓу 1991 и 1995 година. Возилата во оваа возрасна група имаат во просек вратена километража од околу 80.000 километри.

Навистина нема многу изненадувања бидејќи постарите модели полесно се прилагодуваат технички. Затоа е полесно да се врати километражата на овие автомобили.

Од друга страна, возилата направени помеѓу 2016 и 2020 година во просек имаат вратена килоемтража од околу 36.000 километри. Штетата во финансиска смисла може да биде и до неколку пати поголема отколку кај постарите автомобили.

Исто така, истражувањата покажуваат дека во некои случаи, измамата околу километражата може да биде помеѓу 200.000 и 400.000 километри.

Заклучок

Многу купувачи на половни автомобили не се свесни за историјата на автомобилот што би сакале да го купат. Покрај сето тоа, некои продавачи не ни знаат низ што поминале сите автомобили што ги нудат.

Извештајот за историјата на автомобилот дава одредени факти кои можат да ви помогнат да избегнете купување лош автомобил. Исто така, овој извештај помага во преговорите, особено за цената.

Дваесет и пет проценти од вредноста на автомобилот изгледа како силна причина темелно да ја проверите историјата на автомобилот пред да купите.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе