Љубов и секс

Колку секс во просек имаат жените во брак?

16. јули 2019 - 15:51 | А.С.

Секој брак е приказна сама за себе и не може да се прави споредба на фреквентноста на сексуалните односи меѓу различни двојки.

Сепак, науката се занимава со истражување на сексуалниот живот на луѓето. Едно најново истражување спроведено во Велика Британија на примерок од 300 брачни двојки открива интересни податоци.

Со брзото темпо на живеење и сѐ побројните обврски во текот на денот, многу е тешко да се зачува совршениот однос со партнерот и да се одржува нивото на емоции и страсти.

Во анкетата спроведена на 300 брачни двојки на различни возрасти, испитаниците биле прашани колку често имаат сексуални односи.

Речиси половина од двојките воделе љубов еднаш неделно, а речиси 10% имаат секс само два пати месечно.

„Жените во брак кои велат дека секс со партнерот еднаш неделно или два пати месечно совршено им одговара воопшто не се реткост. Причината за тоа се токму ‘животните препреки’, стресот и обврските поради кои сексот може да стане предвидлив, па дури и здодевен, особено ако се форсира на поголема фреквентност“, објаснуваат научниците во извештајот од истражувањето.

Сексолозите сепак препорачуваат да се одржува интимноста и блискоста меѓу партнерите, без разлика колку често имаат секс. Колку поретко сме интимни со партнерот толку повеќе се намалува желбата и потребата да го направиме тоа.

Занемарувањето на интимноста со партнерот може да доведе до проблеми во врската, чувство на огорченост кај едниот или двајцата партнери, па дури и прељуба.

Експертите предлагаат да го одржувате „пламенот“ со тоа што најмалку еднаш дневно ќе се бакнувате и прегрнувате со саканата личност, а може да правите и други работи што ја зголемуваат интимноста, а не мора да е секс: лежете или спијте голи, бањајте се заедно, праќајте си секси пораки...

Коментирај