Колку сексуални партнери имаат луѓето и каде се рангирате вие?
Тоа е една од најличните работи што може да прашате некого, но и да ве прашаат – Со колку луѓе сте имале секс?
Најново истражување покажа кој е просечниот број на сексуални партнери во еден животен век и резултатите можеби ќе ве изненадат.
Здравствената организација euroClinix спроведе истражување на 2.000 испитаници во Велика Британија за да дознае повеќе за нивните сексуални животи.
Резултатите открија дека 25% од луѓето имале секс со двајца до четворица луѓе во нивниот живот.
Изненадува фактот дека 14% од испитаниците рекле дека имале секс само со еден партнер во досегашниот живот.
Има 2% од испитаниците кои имале значително поактивен сексуален живот и над 91 секс партнер.
4% рекле дека не знаат со колку луѓе точно имале секс.
Ако погледнеме подлабоко во анализата на резултатите, ќе видиме дека испитаниците од Лондон пријавиле највисок број на сексуални партнери и 5% од нив имале повеќе од 91 секс партнер во животот.
Постарите испитаници се покажале сексуално љубопитни: 3% од испитаниците на возраст од 35-44 години рекле дека имале повеќе од 91 секс партнер.
Во која процентуална група спаѓате вие според бројот на сексуални партнери? Проверете во резултатите:
0 - 3%
1 - 14%
2-4 - 25%
5-9 - 22%
10-15 - 13%
16-20 - 7%
21-30 - 4%
31-40 - 2%
41-50 - 1%
51-70 - 1%
71-90 - 1%
91 и повеќе - 2%
Не знам - 4%
Коментирај