Колку смисла имаат тестовите на антитела на коронавирус?

Русија, Италија, но и многу други земји сакаат масовно да ги тестираат граѓаните за да видат дали биле во контакт со коронавирусот. Но, дали на тој начин може да се дојде до точен заклучок?

Во Русија со недели во сила се строги мерки за забрана за напуштање на домовите, но и покрај тоа, бројот на новозаразени рапидно расте: па само во саботата беше објавено дека имало над 9.400 нови инфекции.

Сега, со масовното тестирање на граѓаните сакаат да видат дали тие создале антитела на коронавирусот со што би можеле подобро да го следат развојот на пандемијата. Италија исто така сака масовно да ги тестира граѓаните за да утврди колку навистина се заразени со COVID-19.

Со, таканаречените серолошки тестови (ЕЛИСА) можат да откријат кој бил веќе заразен со вирусот SARS-CoV-2. Потребна е мала количина на крв која се тестира во лабораторијата за присуство на имуноглобулини IgM и IgG создадени од човечкиот имунолошки систем за борба против вирусот. Ако тоа е случај, шемата ја менува бојата.

Кој е веќе имун?

Оваа потрага по веќе стекната имунолошка особина всушност служи за да се открие колку луѓе веќе биле заразени бидејќи многумина покажуваат само минимални или дури и никакви симптоми на болеста. Секако е добро да се знае кој всушност ја прележал болеста: тие се исто така идеални крводарители затоа што нивните антитела би им помогнале и на оние кои се лекуваат од COVID-19.

Покрај тоа, лицата со стекнат имунитет на SARS-CoV-2 можат да се грижат за заболените од COVID-19, бидејќи ризикот од можноста повторно да се разболат е многу помала.

Колку се сигурни?

Точноста на ваквите тестови за корона е околу 99 отсто. Тоа звучи како многу, но во овој случај тоа не е доволно. Бидејќи тој преостанат процент значи можна само едноставна грешка на испитната сонда, но постои и можност таа личност да развила отпорност, но не кон вирусот SARS-CoV-2, туку на некој друг вирус од семејството корона.

Оф, таа математика!

Проблем е и самата статистика и примерокот што се мери. Земете ја Германија на пример: до четвртокот (26 мај), заразени се вкупно 182.000 луѓе, односно далеку под 1 процент на 83 милиони жители, дури и под толеранцијата на грешка во тестот. Од друга страна, ако сите граѓани на оваа земја беа навистина тестирани, може да има четири пати повеќе „заразени“ луѓе во таа граница на грешка отколку што имаше навистина.

Се разбира, производителите на овие тестови го подобруваат својот производ и тврдат дека нивната точност е веќе „речиси 100 отсто“. Но, целосно и апсолутно точен тест е секогаш невозможен.

Дотолку големото прашање е, што би се мерело воопшто со масовно тестирање во Русија: на крајот на мај во таа земја имало нешто повеќе од 350 илјади заразени лица, но исто така е земја со околу 150 милиони жители.

Тоа во никој случај не значи дека овие тестови не се неопходни и немаат смисла: нивната точност е сè уште доволна за грубо лоцирање на текот на пандемијата и преземање мерки за многу веројатно (со 99 отсто точност) да го спречат нејзиното ширење. Но, масовното тестирање не е метод со кој сите опасности би исчезнале преку ноќ и ќе престане потребата од разумни мерки за борба против инфекцијата.

Тагови
реклама

Тешки последици кои пациентите со COVID-19 ги чувствуваат месеци по оздравувањето

Read more

Охрабрувачки бројки на заразени од COVID-19 по „црната рекордна недела“

Read more

Наја Ривера официјално прогласена за мртва, се исклучува можноста за убиство или самоубиство

Read more

Што се случува кога по втор пат ќе се заразиме со коронавирусот?

Read more

Наука

СЗО: Има докази дека COVID-19 се пренесува преку воздух

Read more

Научници тврдат дека коронавирусот се пренесува преку воздух, од СЗО бараат промена на препораките

Read more

Истражување: Можно е мутираниот COVID-19 полесно да се пренесува помеѓу луѓето

Read more

Луѓето кои се негативни на COVID-19 тестот можеби имаат некаков имунитет

Read more

Гик

  • filter

14 јули 1974, основана е Европската вселенска агенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите анкета на Twitter?

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот трејлер за играта „Far Cry 6“

Читај повеќе

Како да ја видите кометата Неовајс? Нема да се врати во наредните 7.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Од Темза до Рајна: Маските и ракавиците од пандемијата завршуваат во европските реки

Читај повеќе
  • filter

Видеоиграта Super Mario Bros. од 1985 година продадена на аукција за 114.000 долари

Читај повеќе

Венеција тестира нов систем за заштита од поплави

Читај повеќе
  • play_arrow

Проф. Филиповска: Зрачењето од 5G не е опасно

Читај повеќе
  • filter

Познат датумот кога Lenovo ќе го претстави гејмерскиот смартфон Legion

Читај повеќе