Колку сон му е потребно на вашето бебе?

Спиењето е неопходно за когнитивниот развој, јакнење на имунолошкиот систем и целокупниот напредок на вашето бебе. Меѓутоа, како да знаете колку часа сон е доволно во првите две години од неговиот живот?

Колку часа треба да спие новороденче?

Новороденчињата најчесто повеќе спијат отколку што се будни. Не постои магичен број кога станува збор за тоа колку часа треба да спие - тоа може да биде од 8 до 20 часа. Некои новороденчиња веќе после првите осум недели почнуваат да спијат по цела ноќ. Важно е да запамтите дека секое бебе е различно, а доколку не спие цела вечер, не постои причина за грижа.

Во првите неколку недели вашето бебе веројатно нема да може да остане будно подолго од неколку часа. Нема потреба во овој ран период да го навикнувате на одредени рутини.

Колку часа треба да спие дете кое има една година?

Се препорачува да спие околу два и пол часа преку ден и 11 часа навечер. Дневното спиење поделете го на два дела додека не почувствувате дека е способно да спие само еднаш во текот на денот. Тогаш детето обично има околу 18 месеци. Дремнувањето е корисно за децата и би требало да го прават ова до четвртата година.

Колку часа треба да спие дете кое има две години?

Кога детето ќе наполни две години, времето за спиење се намалува. Се препорачува да спие околу еден ипол час преку ден и 11 и пол часа навечер. Правете тоа што му одговара на него, наместо да се придржувате до стриктни правила. 

Овие чекори може да ви помогнат во согледување на потребите на детето:

Следете ги знаците

Во текот на првите три месеци, начинот на спиењето на бебето ќе биде нестабилен, но наскоро ќе забележите дека ви дава знаци на замор, како зевање и триење на очите или промени во неговото однесување. Може да стане раздразливо или да плаче повеќе од вообичаено.

Воведете рутина на спиење

Кога ќе наполни три месеци, може да почнете да воспоставувате рутина која ја сметате за соодветна. Обрнете внимание и на ритуалите пред спиење, како што се читање, галење и слично.

Уживајте во сонцето

Ставете го детето во количка и шетајте го секој ден за да биде доволно изложено на сончева светлина. Ова ќе им помогне полесно да се навикнат на циркадијалниот ритам, односно таканаречениот телесен часовник.

Хранете ги „во сон”

Околу 23 часот дајте им шише со млеко или доете ги, но не воспоставувајте контакт со очите. Полниот стомак им помага да заспијат полесно.

Направете да се чувствуваат сигурно

Оставете ваша слика во близина на бебето и прекривка која мириса на вас. Така ќе знаат дека не се заборавени додека се сами.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Здравје

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more
 

Магазин

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Читај повеќе