Колку вода треба да пиеме во текот на денот?

На човечкиот организам дневно му се потребни осум чашки вода, но тоа правило не важи за секого, пренесуваат научници од Австралија.

Експерти препорачуваат луѓето да го „слушаат“ сопствениот организам и дека тоа е најдобриот начин да се утврди кога е внесена доволна количина на вода во текот на денот.

Научници од Универзитет во Австралија заклучиле дека на луѓето, во моментот кога организмот е заситен со течности, им е тешко да голтаат вода.

Потребно е да се прави она што го бара организмот – се пие вода кога човек е жеден, а не по утврден распоред, препорачуваат научниците.

Во текот на истражувањето, испитаниците пиеле вода во две ситуации – после напорни вежби, кога биле жедни, и потоа, кога морале да пијат вода „на сила’.

Во вториот случај морале да вложат три пати повеќе напор за да ја испијат зададената количина на вода, што претставувало јасен знак дека телото ја регулира претераната консумација, на тој начин што физички ја отежнува.

Научниците предупредуваат дека премногу вода може да биде погубно за организмот.

Прекумерното внесување на течности може да доведе до хипонатремија, односно оток на клетките на телото, што доведува до грчеви, гадење, повраќање, губење на свеста и во екстремни случаи дури и до смрт.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе