Љубов и секс

Колку време е потребно за да преболите раскинување на врска?

25. јануари 2015 - 12:54 | М.Т.

По раскинувањето на љубовна врска речиси сите минуваат низ тежок период во кој се обидуваат да ја преболат личноста и да се соочат со раскинувањето. Прашањето е колку време е потребно за да го надминете тој период и да продолжите понатаму?

Истражувањето објавено во The Journal of Positive Psychology, што го пренесе Daily Mail, покажа дека во просек се потребни 11 недели за човек да ги почувствува позитивните страни од раскинувањето.

Истражувањето го спровеле Гери Левандовски и Никол Бизоко од Универзитетот Монмут во Њу Џерси. Според заклучокот од нивното истражување, 71% од анкетираните луѓе почнале да ја гледаат позитивната страна од раскинувањето по краток период од разделбата.

Но, ова се однесува на пократките љубовни врски. Што се однесува до разводот, истражувањето спроведено од страна на сајтот Fifties.com, покажа дека во просек се потребни 18 месеци за човек да ја надмине разделбата со брачниот партнер.

Коментирај