Љубов и секс

Колку време е потребно за да се вљубиме?

1. јули 2019 - 18:08 | Б.С.Б.

Дали верувате во љубов на прв поглед? Многумина мислат дека е потребно време за човек вистински да се љуби во некого. Но, што вели науката?

Можеби ќе се изненадите, но науката вели дека физиолошки доволна е само петина од секунда сите хормони да почнат да дивеат во нашето тело, создавајќи прекрасно чувство.

Независни психолошки истражувања покажаа дека мажите во просек чекаат помалку од 3 месеци за да ѝ кажат за првпат на новата партнерка дека ја сакаат, а дури 39 проценти од нив тоа ќе го кажат во првиот месец од врската. Од друга страна, жените се повоздржани и во просек за тоа им се потребни околу четири и пол месеци.

Ако во меѓувреме имате сексуални односи со таа личност, може да очекувате овие чувства побрзо да се изразат, бидејќи во текот на оргазмот се излачуваат хормони задолжени за чувство на блискост, особено кај жените.

Зошто не можеме да бираме во кого ќе се вљубиме?

„Мозокот е природно фокусиран на репродукција, дури и кога не сте свесни за тоа. Примарно е преживувањето, а за тоа репродукцијата е клучна“, вели д-р Лорета Брунинг од Универзитетот во Калифорнија.

Без разлика на сè, вљубувањето е секогаш прекрасно. Високото ниво на хормони задолжени за добро расположение кулминира со чувство на еуфорија која може да се спореди со чувството предизвикано од кокаин, покажуваат истражувањата.

Еуфоријата и заљубеноста полека се сменуваат со љубов, која се раѓа. Последен дел од сложувалката се хормоните окситоцин и вазопресин кои нè поврзуваат со личноста која сме ја засакале. Токму окситоцинот помага да поврземе со потенцијално романтичниот партнер и да изградиме доверба од која почнува љубовта.

Коментирај