Колку време му треба на срцето да заздрави откако ќе престанете со пушење?

Поранешните пушачи треба да почекаат долго време по откажувањето од цигарите за да им се врати на нормално ниво ризикот од срцеви болести и инфаркт, покажа едно најново истражување.

Некои претходни истражувања покажаа дека ризикот од срцев удар се стабилизира околу пет години по откажувањето од цигари, но новата студија вели дека се потребни 15 години.

По анализата на податоци на 8.700 луѓе набљудувани со децении, истражувачите од Универзитетот Вандербилт во Тенеси заклучија дека треба да помине повеќе од една деценија за да се отстрани штетата што никотинот и другите хемикалии во цигарите му ја нанесуваат на срцето.

Срцето и крвните садови побрзо заздравуваат од штетата од цигарите, во споредба со белите дробови, вели авторката на студијата, Мередит Данкан.

Срцевите болести се убиец број еден во сите земји во светот, а еден од главните фактори што придонесуваат за нивна појава и развој се цигарите.

„Сепак немаме многу податоци за тоа што точно се случува кај луѓето кои пушеле цигари многу долго време“, вели Данкан.

Студијата опфаќа податоци на луѓе од две генерации, од кои речиси една половина биле пушачи, набљудувани во периодот од 1948 до 1975 година.

Како тешки пушачи биле категоризирани луѓе кои пушеле по најмалку една кутија цигари дневно во период од 20 години, од кои 70% доживеале срцев удар за време на истражувањето.

По пет години откако престанале да пушат, ризикот од срцев удар бил намален за 38% во споредба со оние кои престанале да пушат.

Меѓутоа, требало да поминат 16 години од откажувањето на цигарите за да се врати кардиоваскуларното здравје на поранешните пушачи на ниво на здравјето на непушачи.

„Кај луѓето кои биле тешки пушачи долго време, може да се јават промени на срцето и белите дробови што овие органи не може никогаш во целост да се вратат во нормала“, вели Данкан.

„Важно е да се запамти дека ризикот од срцев удар и други форми на кардиоваскуларни болести секако се намалува по оставањето на цигарите и тоа е главниот заклучок на оваа студија.“

Студија откри на која возраст е најдобро да се откажете од пушењето

Некои позитивни последици од прекинувањето со пушење се чувствуваат веднаш.

Само 20 минути по гасењето на последната цигара, бројот на отчукувања на срцето и притисокот во крвните садови се враќаат во нормала.

Околу 12 часа подоцна, нивото на јаглерод моноксид паѓа на ниво што е толку ниско што речиси не може да се открие во телото.

Една недела подоцна, ризикот од инфаркт е намален бидејќи срцето и крвните садови веќе не се изложени на хемикалиите што може да предизвикаат згрутчувања на крвта.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Здравје

Кое месо не треба да се најде на вашата скара за Први мај?

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Read more

9 совети за намалување на холестеролот преку исхрана

Read more
 

Магазин

Кое месо не треба да се најде на вашата скара за Први мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ефикасно да ја хидрирате косата и да го вратите сјајот?

Читај повеќе

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Читај повеќе

Дали сте подготвени да влезете во нова врска?

Читај повеќе

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Читај повеќе
  • filter

Свадби, матурски, апсолвентски: Како да бидете маж со стил оваа пролет?

Читај повеќе

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Читај повеќе

4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Читај повеќе

9 совети за намалување на холестеролот преку исхрана

Читај повеќе